Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кој хороскопски знак е најмистериозен и важи за секс бомба?

Опсесивни, манипулатори, сомнителни, сакаат да се одмаздуваат... Има вистина или сето ова е само предрасуда за хороскопскиот знак кого го бие најлош глас во Зодијакот?

koj-horoskopski-znak-e-najmisteriozen-i-vazi-za-seks-bomba-1.jpg

Кога ќе се спомне Скорпија, прва асоцијација е желбата за одмазда, но нивото вистинско оружје е само вештата комуникација и честото користење на хумор, дури и во најтешките ситуации.

Скорпиите се страствени вулкани, но не и романтичари. За нив љубовта е збор како и секој останат, а сексот е врвно сензуално задоволство и смисла на животот.

Лицата родени во овој знак имаат изразена доминантност, па со оглед на тоа што по природа се бунтовници ќе се потрудат да ги променат сите и да ги надвладеат.

Скорпиите ништо не може да ги изненади, во секој момент се подготвени за борба. Тоа е уште една нивната карактеристика, која за жал често ги доведува до проблеми затоа што несвесно го бираат секогаш потешкиот пат.

Во работата се вредни и успешни, но колегите често не ги сакаат и затоа ги оговараат зад грб. Дополнителна причина за лошата репутација на Скорпиите е тоа што на сите им ја кажуваат вистината во лице, без разлика дали е добра или лоша.

Ако добиете комплимент од Скорпија, знајте дека вистински го заслужувате, затоа што овој знак никогаш нема лажно да ви ласка од било која причина.

Во љубовните врски искреноста им е пред сè, дволичноста и претворањето го мразат повеќе од било што, па затоа немојте да мислите дека кај нив ќе ви помине дволичноста.

Често се караат затоа што партнерите не им ја разбираат посесивноста, додека истовремено бараат слобода за себе.

Скорпијата никогаш нема да попушти пред партнерот до љубов, затоа што цврсто ја следи својата природа и смета дека треба да се држи до ставовите кои ги има.

Последната карактеристика која навистина ја краси секоја Скорпија без исклучок е таинственоста.

Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се тврдоглави Близнаците се флексибилни и реткост е да бидат тврдоглави, но Биковите не се отк...
5 хороскопски знаци кои црпат сила од нивната болка Јарците својата болка ја користат како отскочна штица, искачувајќи се повисоко и...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
Еден збор што најдобро го опишува секој хороскопски знак кога е вљубен (и зошто) Девиците се сеопфатни, а Вагите индиферентни. Кој збор најдобро го опишува вашио...
3-те најтоксични астролошки парови – не треба да бидат ниту пријатели, ниту романтични партнери Поради огромните разлики меѓу нив, пријателството помеѓу Лав и Скорпија е како б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg