Летен љубовен хороскоп: Биковите ќе бидат верни, Лавовите ќе доживеат љубов со странец

Летото е сезона на кратки авантури, завршување на старите врски, но и започнување нови, така што - никогаш ништо не се знае.

leten-ljuboven-horoskop-bikovite-ke-bidat-verni-lavovite-ke-doziveat-ljubov-so-stranec-01.jpg

Сепак, ако ги прашате астролозите, тие имаат прилично јасна слика за секој знак.

Дознајте дали ќе имате возбудливо љубовно лето:

Овен

На прв поглед ве очекува комплицирано љубовно лето, но ќе успеете цврсто да се задржите на земја. Ќе ги преиспитувате емотивните и животни вредности. Ќе ви биде многу полесно да изградите нов дом, отколку постојано да го поправате стариот. Ако имате конфликти со партнерот, не мора да го менувате, променете го пристапот кон проблемите. Ќе барате поголем простор и разбирање. Ако ова лето го поминете со постојан партнер, ништо понатаму нема да ве раздвои. На слободните Овни им е препорачлив поотворен и понежен пристап ако сакаат да искусат љубов. Кон крајот на летото ќе бидете пријатно изненадени со примамлива понуда.


Бик

И ова лето ќе бидете верни и упорни партнери. Никогаш нема да ги избегнувате љубовнит проблеми затоа што знаете дека љубовта не паѓа од небо. Сепак, во срцето ќе ја оставите отворена вратата на судбината и ве интересира каде ќе ве однесе. На моменти нема да важат правилата кои сте си ги одредиле, затоа што ќе сакате да го истражувате непознатото. ако имате партнер со изразено его, ќе му биде тешко да ја разбере секоја ваша желба за промена. Често ќе ја докажувате својата самостојност, емоционално и финансиски. Слободните Бикови се многу блиску до својата сродна душа, затоа треба почесто да излегуваат. Во пресудните моменти не ги кријте емоциите затоа што ова лето ќе имате безброј прилики за нов почеток.


Близнаци

Ова лето ќе имате причина за радување. Ве очекува исполнето лето со излегувања и забави до рано наутро. Ќе има изобилие од флерт и љубов, само малку поинаква од онаа на која сте навикнати. Во необичното опкружување ќе запознаете и една посебна личност. После тоа ве очекува романтичен период во кој повремено ќе мора да прогледате низ прсти заради карактерот и однесувањето на партнерот. Близнаците кои се во врска мора да бидат поодговорни за своите постапки. Кратките периоди на досада искористете ги за да се потсетите на она што вреди. Секој ризик може да ве доведе до крај на врската.


Рак

Како и цела година, ве очекува важно љубовно лето. На почетокот надевајте се на значајни промени и одлуки како венчавка, бременост или едноставно почеток на нови и возбудливи врски. Животот е составен од мали и големи работи, затоа ќе мора да одржите поголема рамнотежа и да не бидете толку нетрпеливи. Слободните Ракови се полни со потенцијал. Сепак, во моменти на слабост може да влезат во врска со личност која не е за нив. Внимателно оценувајте ги новите „кандидати“ и не ги спуштајте критериумите затоа што сте осамени. Ќе бидете доволно шармантни за да можете да бирате.


Лав

Ова лето ќе бидете склони кон љубов со странци, па со избраникот може да бидете раздвоени заради далечината. Вашата љубов ќе може да ја преживее оддалеченоста само ако верувате во емоциите. Некои Лавови ќе бидат заљубени до уши преку комуникација на социјалните мрежи. Се додека цврсто стоите на земја и поставите граници, виртуелната љубов е дозволена. Ќе бидете природно заводливи и лесно ќе привлекувате внимание. Можни се кратки и страсни врски кои за жал брзо ќе се оладат. Не бидете подли, заминете со стил.


Девица

Тешко ќе излегувате од удобната зона, но кога еднаш ќе помирисате авантура, подготвени сте за експерименти. Новиот спорт, рекреацијата или патувањето ќе ве поврзат со различни и интересни лица. Ова лето ќе бидете тешки за шармирање затоа што ќе ве привлекува интелигенцијата кај луѓето, а не физичкиот изглед. Ќе имате активен социјален живот, па понекогаш одвојте си момент за самотија. Девиците во врска ќе пружаат огромна поддршка и ќе ја одржат врската благодарение на разбирањето. Но, истото ќе го бараат и за возврат. Ако планирате заедничко живеење, летото е идеален период.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg