Изглед според хороскопот: Стрелецот е најзгоден, Лавот најдотеран
Секој хороскопски знак како што има некои одлики во однос на карактерот, така има и одредени црти кои се карактеристични за неговиот изглед.
Ако ги знаете главните одлики на секој знак лесно ќе препознаете и некој непознат што е во хороскоп, само по цртите на лицето или градбата на телото.
Овен
Овните имаат спортска градба и мускули и покрај вишокот килограми. Делуваат силно и имаат изразени црти на лицето. Неретко имаат темен тен и рамна, густа, понекогаш црвена коса. Нивниот изглед е во согласност со силата и енергијата на личностите кои се карактеристични за овој знак. Не се склони на дебелеење, а најчесто се облекуваат спортски и едноставно.
Бик
На пријатното и симетрично лице на Бикот се истакнуваат капаците, топчестиот нос, полните усни и блескавиот тен. Припадниците на овој знак обично имаат складна фигура и пропорционално тело, така и тежината рамномерно се распоредува кога ќе се здебелат. Делуваат многу пријатно на око, истовремено и силно и кревко. Сакаат да се облекуваат идеално.
Близнаци
Секогаш се подготвени за акција. Изразеното лице неретко делува помладо отколку што е, а очите им се многу впечатливи. Имаат доста долги раце и нозе, обично се витки и високи, па делуваат грациозно и елегантно. Припадниците на овој знак немаат толку истакнати мускули, ниту струк. Сакаат да носат различни стилови.
Рак
Раковите обично имаат округло лице и истакнати јаболчници, но ги краси впечатлив нос, кој не мора да биде голем, но со специфичен облик. Брадата им е заоблена, а косата темна и по малку ретка. Иако во младоста се витки, повеќето Ракови посебно се здебелуваат после триесеттите. Вратот им е обично пократок и најчесто имаат чувствителна кожа. Со изгледот оставаат впечаток на нежни и суптилни личности.
Лав
Лавовите се познати по гривите, па густата и сјајна коса е заштитен знак за припадниците на овој знак. Освен тоа, Лавовите имаат и широко чело и широка вилица, како и убаво обликуван нос. Обично имаат цврста мускулатура. Сакаат да се облекуваат модерно и да се дотеруваат.
Девица
Девиците, без разлика дали се мажи или жени, поприлично се витки, а вишокот килограми обично им се таложат на рацете и стомакот. Складни им се градбата и цртите на лицето поради што се сврстуваат во убавите хороскопски знаци. Имаат нагласени јаболчници и веѓи. Сакаат да носат облека во неутрални бои и да се облекуваат елегантно.
На следната страница дознајте како изгледаат уште 6 хороскопски знаци...