Што ве очекува оваа пролет според хороскопот: Раковите ќе заведуваат, а Вагите ќе најдат сродна душа

Со будењето на природата и доаѓањето на пролетта сите очекуваат да им се разбудат и убавите чувства за да им процвета љубовта.

proleten-horoskop-devicite-ocekuvaat-interesno-poznanstvo-a-vodoliite-odlicen-seks-01

Секој хороскопски знак го привлекуваат различни работи кај другите, но проверете што ве очекува оваа пролет или што треба да барате кај вашиот партнер:

Овен

proleten-horoskop-devicite-ocekuvaat-interesno-poznanstvo-a-vodoliite-odlicen-seks-1.jpg

Со вашиот знак владее Марс, кој е бог на војната и страста. За вас ритамот на секојдневието е бавен, па постојано барате некоја нова авантура. Во сексот сте неумерени и понекогаш премногу агресивни. Тоа ви е непресушна потреба.

Кон средина на пролетта можни се некои авантури, кои ќе бидат краткотрајни, жестоки и без обврски. Ако партнерот дознае дека сте го изневериле, можно е тоа да го игнорира, особено ако и нему верноста не му е најјака страна. Сепак, внимавајте со кого, каде и што правите.

Колку и да сте во искушение, колегите од работа изоставете ги од својот сексуален живот. Ако немате партнер најмногу ви одговараат личности без никакви предрасуди.


Бик

proleten-horoskop-devicite-ocekuvaat-interesno-poznanstvo-a-vodoliite-odlicen-seks-2.jpg

Со вашиот знак владее Венера. По природа сте многу мирни и стабилни, но во сексот сте како темпирана бомба. Поради својата вештина и издржливост познати сте како одлични љубовници. Ни оваа пролет сексот нема да ви недостига.

Ако сте во стабилна врска, очекувајте дека ќе доживеете многу страсни моменти со партнерот. Доколку веќе подолго време сте сами, ве очекува интересен период. Зрачите со многу силна сексуална енергија и ја пренесувате на цело друштво. На почетокот на пролетта вашиот сексуален апетит ќе стане уште поголем, па ќе прифаќате и врски за една вечер. Бидете внимателни и не влегувајте во авантури за кои подоцна ќе се каете.

Од март до јуни ќе имате можности за нови познанства кои ќе ви го збогатат љубовниот живот. Ќе сакате да пробате сè што дотогаш не сте пробале и конечно ќе остварите некои свои долгогодишни фантазии.


Близнаци

proleten-horoskop-devicite-ocekuvaat-interesno-poznanstvo-a-vodoliite-odlicen-seks-13.jpg

Многу сте неодлучни поради што имате многу емоционални проблеми. Но, вашиот авантуристички дух ве прави многу интересни љубовници. За вас сексот е лесна тема во која одлично се снаоѓате. Сакате да експериментирате, па зборот „перверзно“ не постои во вашиот речник.

Ако во последно време сте незадоволни со својот сексуален живот, не грижете се, бидејќи ова е година на промени. Не се воздржувајте да му кажете на партнерот што ви се допаѓа додека водите љубов и покажете му колку уживате. Можно е да запознаете некој кој ќе ве освои на прв поглед, но тешко ќе го задржите доколку не промените некои стари навики.


Рак

proleten-horoskop-devicite-ocekuvaat-interesno-poznanstvo-a-vodoliite-odlicen-seks-4.jpg

Вистински мајстори на заведувањето сте и многу страсни љубовници сте. Кога сакате, тогаш се давате без резерва. Во сексот по малку сте неодлучни, па партнерот често има чувство дека ве присилил на секс. Но, вие не се плашите од сексот, туку од неуспехот и фактот дека можеби нема да го задоволите партнерот. Затоа, потрудете се конечно да го победите тој страв.

Ако немате партнер оваа година вашето внимание најмногу ќе го привлекуваат енергични и доминантни личности. Ако сте во врска, пробајте заедно да оживеете некои еротски фантазии. Отпатувајте, опуштете се и водете љубов на необични места.


Уште 4 знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg