Хороскоп: Дали ќе ја сретнете сродната душа во 2015-та?
Влезот на Сатурн во знакот на Стрелец ќе има влијание врз вашиот живот во 2015-та година. Оваа планета е симбол на трајноста и одговорноста, што во љубовен аспект е одличен предзнак за долги и трајни врски.
Огнените и воздушните знаци ќе имаат посебна среќа во првиот дел од годината.
Овен
Затоа што сте упорни и дрски, нема да се откажете додека не го изморите противникот, односно оној кој ви паднал во очи. Помладите дами можат да бидат лесна мета на некоја Водолија или Лав, а мажите родени во знакот на Овен може да очекуваат додворување од Близнаци или Стрелец кој не го држи место.
Бик
Шармот и упорноста ви се без конкуренција, па затоа секогаш се трудите да оставите силен впечаток на оној кој ви се допаѓа. На некој Рак ќе му се допадне вашиот заштитнички став, а на некоја Девица сигурноста со која зрачите. Ако сте дама, тешко ќе му одолеете на упорниот Јарец или еротичната Риба.
Близнаци
Весели сте, духовити и забавни и во ваше друштво никогаш не е здодевно. Во првиот месец од годинава тоа може да и одговара на некоја Вага, или таинствена Водолија, посебно ако сте жена. Мажите родени во овој знак без најава може да станат мета на некоја жена Лав или Овен.
Рак
Романтични сте и никогаш не ви е доста од нежности. Една магнетно привлечна Скорпија или сензуална Риба ќе успее да го привлече вашето внимание, посебно ако сте припадничка на понежниот пол. Машките Ракови би требало да обрнат внимание на Биковите и Девиците кои веќе ги познаваат.
Лав
Страствени сте и топли, често паѓате на надворешна убавина, па така и оваа година посебно ќе ви го привлече вниманието некој Овен или романтична Вага. Ако сте маж, нема да одолеете на хуморот на Близнаците или спонтаната лежерност на Стрелецот.
Девица
По природа сте практични и перфекционисти, па како вистинско освежување ќе ви дојде друштвото од еден опуштен Бик или доминантен Јарец. Машките претставници родени во знакот на Девица ќе бидат привлечени од Скорпија или Рак на самиот почеток од годината.
Уште 6 знаци на следната страна...