Хороскоп: Дали ќе ја сретнете сродната душа во 2015-та?
Вага
Важите за еден од најшармантните знаци, заради што спротивниот пол едноставно ќе се лепи за вас. Очекувајте љубовни понуди од некој духовит Близнак или Водолија. Ако сте маж, лесно ќе се заинтересирате за некој Стрелец или Лав.
Скорпија
Заради вашата харизматичност и таинственост, никако не можете да останете незабележани. Во новата година ќе влезете во љубовна врска со чувствителен Рак или еротични Риби, ако сте маж. На дамите Скорпии може да им се допадне некоја срамежлива Девица или недостижен Јарец.
Стрелец
Спонтани сте и природни, весели и опуштени, па ќе бидете вистински магнет за некој Лав или откачена Водолија. Мажите Стрелци може да очекуваат љубовна понуда од некој страстен Овен или смирена Вага.
Јарец
Оваа година можна е паралелна тајна врска со Девица и Скорпија. А, ако сте дама нема да останете имуни на додворувањето на една мистична Риба или опуштен Бик. Ве чека возбудлива година полна со љубовни и неколку непристојни понуди.
Водолија
Уживате да ја шокирате околината, па уште во јануари можно е да ве заинтересира некоја Вага или да се заинтересирате за Близнак на кој нема да му пречи што постојано ги менувате плановите. Жените Водолии може да запознаат возбудлив Стрелец или Овен.
Риби
Вашата еротичност нема да остане незабележана каде и да се појавите, посебно ако сте дама. Доста упорни ќе бидат Скорпиите и Раковите оваа година, кои постојано ќе се трудат да ве освојат. Ако сте маж, голем успех ќе имате во освојувањето на некој Јарец или Бик.