Хороскопот открива: Какви сте кога ќе се поднапиете?

horoskopot-otkriva-kakvi-ste-koga-ke-se-podnapiete-02.jpg

Вага

Вагата е најдобриот знак во алкохолизирана состојба. Имаат средени мисли и ладна глава, што е предност кога сите се пијани и меѓусебно се објаснуваат. Кога вашите пријатели ќе започнат да се расправаат или туркаат, можете да сметате на Вагата, колку и да е пијана. Таа обожава кога воспоставува ред и мир, дури и во таква состојба.


Скорпија

Дајте и на Скорпијата шише текила и гледајте како се опушта. Скорпиите ретко ги задржуваат работите во себе, што може да биде и добро и лошо. Тие се луѓе кои ќе ви прават друштво за алкохол, колку и да им се врти. Најлошиот дел е што се непредвидливи - не знаете кога ќе почнат да ве гушкаат, а кога да ве напаѓаат во сред бар.


Стрелец

Бидете внимателни кога пиете со Стрелец, затоа што има остар јазик по природа. Алкохолот и бесот не е добро да се мешаат, затоа внимавајте што зборувате околу нив. Кога малку ќе претераат обично се буди флертот во нив. Ако сте во потрага по заводлив партнер кој ќе ви каже како искрено стојат работите, тогаш приближете му се на Стрелецот.


Јарец

Јарците се совршени камелеони затоа што се секогаш добро друштво за пиење. Добро се снаоѓаат во секоја ситуација и со секој алкохол. Тие се пријатели за забава, а не критика и напаѓање. Немаат незгоден темперамент и не ги интересира кој со кого е, каде е и што прави. Под дејство на алкохол тие може само да ви се разлигават и да ве гушкаат повеќе од вообичаено. Обожаваат и да пеат.


Водолија

Бидете внимателни  кога пиете со Водолиите затоа што лесно се нервираат. Луѓето родени во овој знак имаат променлива личност, посебно под дејство на алкохол. После неколку чашки Водолиите или ќе си легнат насмеани или ќе останат будни и ќе ги нервираат сите околу нив. Никогаш, ама баш никогаш не започнувајте дискусија со нив во ваква состојба.


Риби

Рибите ги покажуваат најекстремните емоции, што ги прави посебно интересно друштво. И тие како Водолиите лесно го менуваат расположението и само еден лош збор или туркање може да ги извади од такт. Сепак, со Рибите никогаш не се излегува „на една пијачка“ затоа што тоа не постои за нив.

Точно е? Какви сте вие кога ќе се поднапиете?



Би можело да ве интересира:

Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg