Крими хороскоп: Скорпиите се платени убијци, а Биковите перат пари
Како што постојат многу видови љубовни и духовни хороскопи, така постои и криминален хороскоп според карактеристиките и предиспозициите на секој знак.
Се прашувате каков криминалец сте според хороскопот?
Овенот е секогаш вооружен
Припадниците на овој огнен знак, најчесто поседуваат оружје. Ако се занимаваат со криминал, најверојатно тие се оние кои се секогаш одговорни за безбедноста на зделката и луѓето. Работат исклучиво по договор, односно други ги плаќаат.
Биковите работат со пари
Обично се вмешани во работи кои носат голем заработка, без оглед дали се работи за кражба или перење пари. Најчесто работат сами за да го намалат ризикот да бидат откриени и не сакаат да се фалат. Биковите се втори на листата по склоност кон криминал.
Близнаците работат со измами
Ако се занимаваат со криминал, тогаш сигурно лажат и мамат. Тие не се типови на луѓе кои сакаат да глумат опасни и да сеат страв, па затоа никогаш нема да ги видите како се закануваат со пиштол. Добро лажат и тоа го знаат, па затоа ако некогаш ги фатат, ќе се обидат на секој можен начин да се извлечат, вклучувајќи го и издавањето на соучесниците.
Раковите се родени за криминалци
Според статистиките на FBI, најголем број од криминалците се родени во овој знак. Склони се кон насилство во моментот кога ќе им се наруши психичкиот мир, а често сакаат и да се одмаздуваат со киднапирање. Тешко го контролираат темпераментот. Дури и откако ќе бидат фатени на дело, сметаат дека жртвата си го заслужила добиеното и никогаш не се каат.
Лавовите добро ги пресметуваат работите
Лавовите се помалку склони кон криминални прекршоци, а ако се согласат на нешто такво, мора сè да биде осмислено до детаљ. Заради тоа тие се најладнокрвните и најопасни криминалци. Не се впуштаат во ситни прекршоци, туку ако веќе ја ризикуваат слободата, би ја ризикувале за многу голема корист или слава.
Девиците се најчесто затворани криминалци
По Овните, припадниците на овој знак се втори кога се работи за поседување оружје. Склони се кон финансиски измами, но можат да бидат добри хакери и крадци. Сепак, многу се големи шансите да бидат фатени и затворени, затоа што многу брзо ги признаваат своите гревови.
Уште 6 знаци на следната страна...