Астрологијата ве открива: Кои се карактеристиките на вашиот подзнак?
Вага
Важен ви е балансот. Секогаш сте тука за другите, не знаете како да бидете сами со себе. Имате голем круг на пријатели и роднини кои ви се секогаш на располагање. Партнерството на работно или љубовно поле е секогаш најдобра идеја, барем за вас. Важно е да пронајдете стабилен партнер кој ќе знае да ви даде позитивна енергија и индивидуалност. Можни се проблеми со кожата - иритации и алергии, затоа заштитете се на време.
Скорпија
Постојано сте во акција, постојано нешто правите и не знаете да застанете во место. Сè зимате при срце, па често сте под стрес. Понекогаш знаете да бидете од типот на тешки пријатели кои само критикуваат. Ако ви е здодевно занимавајте се со некој спорт наместо да барате проблеми таму каде што ги нема. Парите и сексот ви се на првото место, па затоа вашиот партнер мора да ги има и двете. Можни се проблеми со репродуктивните органи, па затоа не ги заборавајте редовните прегледи.
Стрелец
Секогаш сте весели и добро расположени, подготвени да ги разберете сите околу вас. Толерантни сте, понекогаш дури и премногу. Важно ви е да се движите и патувате, односно да се усовршувате секојдневно. Многу важно е да се занимавате со некаков спорт затоа што постојано имате вишок енергија. Друштвени сте, па затоа ви е потребен и партнер кој е зборлив, весел и позитивен. Важно е во врската да не ја загубите својата слобода. Можни се проблеми со црниот дроб.
Јарец
Тврдоглави сте, упорни и амбициозни. Постојано сакате да напредувате во кариерата, имате високо ниво на самопочит и се сметате за одличен учител. Не се брзате, верувате дека сè доаѓа во свое време. Стабилни сте и смирени, но партнерот кој ќе го одберете ќе има задача да ве научи како да бидете малку потопли кон другите, да не бидете полни со недоверба. Можни се проблеми со грбот и забите.
Водолија
Сакате да се дружите и мислењето на другите луѓе ви е секогаш важно. Во постојано движење сте и со вас никогаш не може да биде здодевно. Сакате да ја ширите мрежата на контакти и да запознавате нови луѓе. Но, мора да направите место за партнерот и да не го ставате во втор план. Потребен ви е партнер кој ќе го разбере вашето динамично темпо. Заради брзината со која живеете можни се проблеми со вените и нервозата.
Риби
Никој не знае што точно мислите, живеете во некој сопствен свет. Не сакате да се вклопите во друштвото, ниту во стандардниот ритам на живот. Сакате да останувате будни и да заспивате со музика и филмови. Потребен ви е партнер кој е рационален и стабилен, кој дели добри совети и ве води низ животот. Можни се проблеми со варењето, спиењето и нискиот притисок.