Астрологијата ве открива: Кои се карактеристиките на вашиот подзнак?
Хороскопскиот подзнак открива многу ваши карактеристики - од изглед и манири, па сè до начинот на кој ве доживува околината.
Подзнакот е важен аспект во хороскопот на секој човек, па затоа вреди да откриете кои лични карактеристики потекнуваат од него.
Ако не знаете кој е вашиот хороскопски подзнак, пред да продолжите да читате, пресметајте го тука.
Овен
Ако сте родени со подзнак Овен вие сте активна личност со многу енергија. Своеглави сте, а многумина ве доживуваат како себична личност. Добро знаете што сакате и како да ги остварите целите во животот. Амбициозни сте, па затоа имате постојан конфликт со колегите и партнерите кои се обидуваат да ве убедат на компромис. Потребен ви е партнер кој прв попушта. Што се однесува до здравјето, често пати имате проблем со крвниот притисок и силната мигрена.
Бик
Сакате да уживате и затоа ви е важна материјалната сигурност. Уживате во храната и готвењето. Сакате да имате стабилен партнер и здрава врска - таа е основата на вашето добро расположение. Голем број од пријателите прво кај вас се упатуваат за совет, затоа што знаат дека искреноста е вашата најдобра страна. Очајно барате партнер кој е страствен. Кога се работи за здравјето, можни се проблеми со килограмите и тироидната жлезда.
Близнаци
Зборлести сте и искрени, и покрај тоа што многумина ве доживуваат како личност склона кон лажење и измислување. Можеби затоа што не го кажувате она што другите сакаат да го слушнат. Сакате да се дружите со пријателите, да телефонирате и слободното време да го минувате на социјалните мрежи. Потребен ви е партнер кој ви овозможува целосна слобода. Можни се проблеми со здравјето на нервна база, инфекции, алергии и проблеми со дишните патишта.
Рак
Чувствителни сте на туѓата несреќа и постојано помагате. Семејството ви е на прво место, сакате да бидете опкружени со најблиските. Важно ви е домот да ви е чист, среден и удобен затоа што тоа е вашето омилено катче. Потребен ви е партнер на кој можете да се потпрете и да му верувате. Можни се проблеми со репродуктивните органи и компликации предизвикани од нервоза.
Лав
Горделиви сте и некогаш недопирливи, или барем таков впечаток оставате. Амбициозни сте и работното место ви е најважно, како и парите. Статусот, децата и парите - тоа се работите кои ги вреднувате во животот. Потребен ви е партнер кој е истовремено и ваш пријател, кој ќе ви ја разбере потребата за слобода и нема да се натпреварува со вашите пријатели и работното место. Можни се проблеми со притисокот, срцето и видот.
Девица
Вечен перфекционист. Важно ви е сè да биде на свое место, куќата мора да блеска. Примарно ви е здравјето, но и покрај тоа сте склони кон нервоза. Единствен лек е да прифатите дека ништо не може да биде совршено, па ни вие. Потребен ви е партнер кој ќе ве натера да се опуштите и кој ќе ве научи што значи да уживате. Можни се проблеми со стомакот и варењето на храната.
Следните 6 подзнаци прочитајте ги на следната страна...