Што сте во индиски хороскоп?

Освен ако не сте астролози, малкумина го знаат својот хороскопски знак во индискиот зодијак.

sto-ste-vo-indiski-horoskop-01

Дали сте Дануша или Тула? Врз основа на вашиот основен знак, откријте ги карактеристиките кои ги имате во индискиот хороскоп.

Овен - Меша

Овенот постојано сака да биде прв, буквално во секоја животна активност. Познат е како оригинален пронаоѓач на нови идеи, иницијатор и основач. Во знакот владее амбициозниот и борбен Марс, кој може да биде крајно себичен, а често пати и претерано искрен. Од најдобра гледна точка, Овенот е извонреден херој, ориентиран кон победа.

Подзнак Овен

Активни и атлетски градени личности, природно ориентирани кон големи успеси, емоционално силно поврзани за својата мајка. Мажите во главно имаат убави жени и среќен брак и во него имаат доминантна, заштитничка улога. Во кариерата ги очекуваат препреки кои само со добар план може да ги надминат.


Бик - Вришаба

Биковите според индискиот хороскоп уживаат во материјалното богатство и убавина, ја сакаат друштвената хармонија и сензуалното задоволство. Конформисти се и склони кон пороци, но талентирани за финансии.

Подзнак Бик

Практични индивидуи кои цврсто стојат на земја. Ментално се врзани за создавање на пари и богатство, но среќата во тој поглед им е превртлива. Имаат интелигентни деца, но често пати ги запоставуваат заради материјалното богатство. Бракот им започнува со страст, но подоцна станува компромис.


Близнаци - Митуна

Близнаците, односно родените во знакот на Митуна според индискиот хороскоп се во центарот на комуникациите, дебатите и размената на мислења. Идеолози се и сакаат да ги исправаат работите, но и да ги убедуваат другите во нивните идеи. Ментално се фокусирани и секогаш се зафатени.

Подзнак Близнаци

Овие личности сакаат да одат во најмалку 10 насоки и во сите да успеат. Жената акумулира богатство, но е финансиски подложна на падови. Комуникацијата со овие знаци е одлична, па затоа се успешни во медиумите. Мажите се претежно филозофски и идеалистички настроени, но без страст.


Рак - Катака

Исто како и во нашиот, така и во индискиот знак Раковите се во центарот на семејното опкружување. Сакаат да се грижат за домот, семејството и потомството.

Подзнак Рак

На овие личности посебно им е важен авторитетот од таткото, па често пати ја наследуваат неговата кариера. Сакаат да имаат добро уреден стан и подготвени се да направат сè што можат за да го добијат. Вечни емотивци и заштитници. Во кариерата знаат како да се изборат, но успехот доаѓа со задоцнување.


Лав - Симха

Лавовите постојано се во центарот на вниманието, политичките случувања, драматични ситуации, игри и спорт. Сите се креативни индивидуи. Самодовербата расте паралелно со должината на аплаузот. Во главно, тие се харизматични личности кои тежнеат кон високото друштво.

Подзнак Лав

Горди и самоуверени личности кои сакаат да доминираат. Не разговараат многу, додека не ги испровоцирате. Заштитнички се настроени кон својот дом и семејство. Имаат голем број непријатели во животот.


Девица - Канја

Девиците се таму каде има постојани кризи и конфликти, сиромаштво, нелегални активности и секаков вид на неправилности. Мајстори се за критизирање и јавно искажување на мислењето.

Подзнак Девица

Вечни критичари кон себе и кон другите, забележуваат детали, опседнати се со чистота и сè мора да е на своето место. Постојано трагаат по баланс во животот. Во љубовта бараат личност која потсетува на нивните родители.

Откријте го значењето на останатите знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Како несвесно си го уништувате животот, според вашиот месец на раѓање? Личностите родени во месец септември постојано се споредуваат со другите, а тоа ...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg