Месецот во кој сте родени ја открива вашата личност
Јули - родените во месец јули се забавни, таинствени и тешко е да ги разберете во потполност. Повеќето се мирни, освен кога се возбудени или напнати. Горделиви се, чесни, тактични и лесно достапни. Претерано емотивни се, но понекогаш и непредвидливи. Се грижат за туѓите чувства и пријателски се расположени, грижливи се и полни со љубов. Не сакаат да се одмаздуваат, простуваат, но тешко забораваат. Внимателни се и остроумни. Упорни се во остварување на целите кои ги зацртале. Често знаат да бидат склони кон претерана загриженост.
Август - личностите родени во август се атрактивни, храбри и бестрашни. Имаат одлики на добар водич затоа што лесно управуваат со туѓите емоции. Егоистични се, горделиви и сакаат пофалби на нивна сметка. Исто така, поседуваат извонреден дух. Лесно се лутат и не им е проблем да избувнат, но само ако се предизвикани. Инаку се внимателни. Знаат да бидат друштвени и лесно склопуваат пријателства, но кога се работи за љубовните врски, понекогаш се претерано љубоморни. Независни се, мислат брзо и лесно се снаоѓаат во животот.
Септември - родените во овој месец се секогаш внимателни и организирани. Склони се кон истакнување на туѓите грешки и сакаат да критизираат. Тивки се, но знаат да бидат доста гласни кога има потреба од тоа. Сочувствуваат со своите блиски, се грижат и лесно се врзуваат. Верни се и искрени, паметни и многу често тежнеат кон подобро образование и поопширни информации. Ги сакаат сите спортови, но сакаат и да одмараат на луксузни дестинации. Таинствени се, но полни со разбирање и мотивација. Тешко ги покажуваат чувствата, па затоа често се пребирливи кога се работи за љубовни партнери.
Октомври - оние кои се родени во октомври се атрактивни и гламурозни. Имаат прекрасен физички изглед, но и одлични мисли. Сакаат да разговараат, одговорни се и проблемите секогаш ги решаваат од корен. Не сакаат лаги или лажни маски. Сочувствуваат со своите пријатели, но лесно знаат да се навредат ако не го добијат истото за возврат. Добро проценуваат, одлучни се, полни со љубов и грижи и склони се кон фантазирање. Знаат да бидат брзи и претерано арогантни, но само во случаи кога се чувствуваат несигурно. Уште една маана им е лесното губење на довербата.
Ноември - личностите родени во овој месец се полни со идеи, секогаш размислуваат за иднината, уникатни се и брилијантни. Добро проценуваат луѓе, динамични се и љубопитни. Храбри се, одлучни и трпеливи. Не се лутат лесно и не се склони кон откажување, затоа што веруваат дека за секој проблем постои решение. Кога ќе се заљубат сакаат силно, емотивни се и романтични, но можат да бидат претерано непредвидливи во љубовта. Вреди да им верувате, затоа што се одлични во чување тајни. Единствено нешто што им е тешко да го контролираат се емоциите кои понекогаш буквално ги обземаат.
Декември - родените во овој месец се лојални и грижливи. Нестрпливи се и често избрзуваат. Активни се во игри и забави и сакаат да се дружат. Амбициозни се и лесно достигнуваат успех на секое поле. Ги сакаат пофалните зборови и вниманието кое го добиваат. Искрени се и не знаат да се преправаат. Не се егоистични, само се горделиви на она што ќе го достигнат. Сакаат да се шегуваат на своја, но и на туѓа сметка затоа што имаат добра смисла на хумор. Најсреќни се кога се сакани, затоа што тогаш се најмоќни. Единствена маана им е љубомората која не секогаш ја контролираат најдобро.