Како хороскопските знаци им се враќаат на обврските по летниот одмор?

Вага

Вагата е уште еден знак во низата на кој враќањето во реалноста тешко му паѓа. Можеби затоа што со месеци се подготвуваат за летото и одморот, одат редовно во теретана, солариум и држат строги диети, за потоа тие неколку дена да им прелетаат како неколку часа. Најтешко им е ако на море оствариле флерт со личност која ја сметаат за неостварен љубов.

Скорпија

Скорпиите не сакаат лето, жештини или гужви. Летото им е идеална шанса да ги наполнат батериите и добро да се опуштат, додека младите припадници на овој знак понекогаш сакаат да откачат на ноќни журки и во барови. Сепак, не жалат премногу за летото затоа што во него остваруваат сè што си замислиле, а тоа е добар одмор и голем број на љубовни и сексуални авантури.

Стрелец

Стрелците обожаваат патувања и излети, па затоа враќањето на работното место не го прават баш со големо задоволство. Со тоа им се скратува можноста за забава и истражување нови градови и места во кои уживањето е непроценливо. Сепак, прилагодливи се и брзо се вклопуваат во секојдневието, но сакаат кога секој слободен момент го користат да отпатуваат на барем неколку дена.

Јарец

Ако некој е среќен што летото завршува, тоа се мрзоволните Јарци на кои топлината потењето и комарците му се ноќна мора. Секој прав Јарец летниот одмор го минува подалеку од гужвите и вревите, а најчесто сакаат да посетат некое планинско место. Освен тоа, на овој работохоличар веќе по 2 недели се досадува од вишокот време, па едвај чека да се врати на работното место.

Водолија

Водолијата секогаш гледа во иднина и ретко кога се враќа во минатото, па затоа за сите припадници на овој знак бесмислено е да размислуваат за минатото лето жалејќи за пропуштените шанси. Штом се врати дома, неговите мисли се фокусираат на нови идни патувања и одмори. Единствено нешто што нема да му биде по мерка е работното биро и столче, затоа што сака да ужива во слободата, а на работното место се чувствува по малку затворен.

Риби

Рибите уште на почетокот на летото се тажни што летото некогаш ќе заврши, така што буквално ќе бидат скршени кога ќе го дочекаат крајот. Многу припадници на овој знак живеат за летните авантури и уживањето покрај море, па затоа тешко ќе им биде да излезат од летната депресија. Лошото расположение ќе го лечат со алкохол и бурни ноќи, но попаметно би било да се опкружат со пријатели кои ја разбираат нивната тага, кои ќе успеат некако да ги утешат.



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
4 хороскопски знаци на кои очајно им е потребен одмор Скорпии, можеби пробувате да се убедите дека не ви е потребен одмор, но и самите...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg