Какво цвеќе сакаат хороскопските знаци?
Вага
Вагите се познати по нивната пребирливост, големи естети се, имаат истенчен вкус и големи барања. Уживаат во нијансите на сината, зелената, сивата и розова боја, како и во силните тонови на жолта и црвена боја. Нивно цвеќе се бледо розовите ружи, хризантеми, ириси и бледи гербери. Кога се заљубени овие знаци сакаат силни мириси. Овој знак ќе го израдувате со букет бамбуси или лалиња.
Скорпија
Скорпиите се познати по своите моќи и нагласени страсти. Ако поклонувате цвеќе на скорпии,нека биде тоа гербери, божур, црвени ружи, кактус, гардении, огромни букети хризантеми и диви каранфили. Скорпијата може да ја препознаете и по нејзината градина во која има хибискус, орев и зимзелени дрвца.
Стрелец
Стрелците се дарежливи, со отворено срце и големи индивидуалци. Ако одбирате цвеќе за нив, нека биде тоа нешто префинето, бидејќи тие тежнеат кон совршенство. Полн погодок за огнените стрелци се големи цветни аранжмани како филадендрон или бонсаи дрвце. Ги сакаат билките кои носат среќа во домот. Од мирисите, најмногу сакаат мирис на праска, црешов цвет и цикорија. Љубители се и на полско цвеќе и љубичици.
Јарец
Интровертните јарци сакаат класични, елегантни, децентни мириси кои им одговараат на нивната рафинирана и елегантна природа. На ист начин одбираат и бои и сакаат дискретни тонови на кафена, сина, зелена и жолта боја. Омилени цветови му се бршлен,дрво на животот, камелии, магнолија, јоргован, јасмин и ружи. Нивното внимание ќе го добиете ако им подарите голем, раскошен букет.
Водолија
Водолиите се уникатни во се, боеми, бунтовници, креативци со бројни интереси. Ретко се случува да купат ружи или да ги одгледуваат дома. Сакаат гладиоли, лалиња, орхидеи, папрат, ирис и кали. Бидејќи сакаат да експериментираат во животот, истото го прават и при избор на цвеќе. Ако сакате да ги изненадите најдете некој цвет добиен со вкрстување на две сорти. Добар избор за водолиите се бамбус, кактус и нарцис.
Риби
Шармот на таинствените риби, никого не остава рамнодушен. Му одговараат заводливи, мирисни ноти, длабоки како и нивниот внатрешен живот. Омилено цвеќе им е калина, љубичица, ирис, багрем, липов цвет и орхидеи. Овие знаци обожаваат цвеќе и сакаат да одгледуваат собни сорти во својот дом. Обожаваат црвени и розови ружи, а мириси кои ги опуштаат се мирис на бергам, јасмин, љубичици, темјан и босилек. Добар избор за рибите се и големите папрати со зелено лисје или букет од полско цвеќе во кој преовладува сина боја.
Би можело да ве интересира:





