Дали сте створени еден за друг според хороскопот?

Елементот на кој му припаѓа нашиот хороскопски знак има голема улога во вештините на согласување со другите, особено со оние кои ни се блиски. Откријте дали сте компатибилни со вашиот партнер или носите спротивна, деструктивна енергија.

dali-ste-stvoreni-eden-za-drug-spored-horoskopot-1

  • Земја: Бик, Девица, Јарец
  • Воздух: Близнаци, Вага, Водолија
  • Оган: Овен, Лав, Стрелец
  • Вода: Рак, Скорпија, Риби


Оган и Оган

Ова е огнена комбинација, заради која односите помеѓу партнерите се многу интензивни. Во еден момент меѓу нив постои страст, а во следниот се расправаат и си противречат. Но, нема ништо лошо во тоа. Знаците кои им припаѓаат на овие елементи не се мразат меѓу себе затоа што ја кажуваат вистината. Ниеден партнер во оваа комбинација нема да се досадува. Генерално, еден на друг си даваат енергија, што е добро.

Оган и Земја
Ова е многу стабилна комбинација, додека партнерите имаат заеднички интереси. Земјениот знак ја канализира енергијата на огнениот, но се случува огнениот знак да го премори земјениот. Од друга страна пак, ова би можела да биде многу креативна комбинација. Огнот нема да  ја прифати предвидливата секојдневна рутина, а на земјата не и се допаѓаат честите промени. Фрустрациите во оваа смисла можат да бидат честа тензија меѓу партнерите.

Оган и Воздух
Овие двајца нема да знаат кога да застанат. Воздушниот знак постојано ќе ја распалува немирната природа на огнениот, па на крајот и двајцата ќе изгорат во прекумерна возбуда и умор. Оваа комбинација во никој случај не е рационална и приземјена. Двајцата партнери ќе завршат растргнати и со проблеми, кои се последица на тоа што ниеден од нив не знае да се смири и да застане цврсто на земја.

Оган и Вода

Ова е необичен спој. Ако сите останати фактори се совпаѓаат, тогаш овие два знака ќе најдат причина зашто не може да се заедно. Ова е комбинација во која е тешко да се надминат разликите. Огнениот знак ќе се чувствува исцрпен од водениот, а водениот ќе го убедува дека всушност тој го смирува неговиот дух. Ова се знаци кои ќе си ја ограничат меѓусебната слобода.

dali-ste-stvoreni-eden-za-drug-spored-horoskopot-3

Земја и Воздух
Овие два партнери ги поврзува практичноста и интелектуалноста. Врската може да успее, ако и двајцата се спремни да функционираат како тим. Во оној случај кога врската е продуктивна, може да биде многу здрава и отворена, но ако воздушниот партнер почне да паметува и да го критикува другиот, тоа ќе го уништи земјениот знак. Воздушниот знак може да се нервира заради успореноста и смиреноста на земјениот знак.

Земја и Земја
Овие двајца можат да пронајдат голема утеха еден во друг. Многу добро се разбираат и одлично знаат што е она што другиот го мотивира или демотивира. Заедно ќе уживаат во мирен живот и ќе проаѓаат низ проблемите и кризите стабилно и полека. Ова е комбинација во која двајцата партнери ќе си пронајдат душевен мир. Проблем може да се појави ако едниот од партнерите е премногу песимистичен – така ќе го повлече и другиот на дно.

Земја и Вода
Ова е совршен спој на енергии кои одлично можат да функционираат, градејќи здрав и балансиран однос. Водата ја смирува и надополнува Земјата, а Земјата ја стабилизира Водата. Ова е многу креативна комбинација која содава сјаен тим. Со малку труд, овие партнери одлично ќе си делуваат еден на друг.

dali-ste-stvoreni-eden-za-drug-spored-horoskopot-2

Вода и Вода
Оваа комбинација не е ни многу добра, но не е ни лоша. Водата ги претставува емоциите, па овие партнери или ќе се поддржуваат и ќе се развијат добра врска или заради многу негативности можат да се уништат еден со друг. Најважна е перспективата.

Вода и Воздух
Додека Водата сака да биде препуштена сама на себе и нежно да си тече низ своето темпо на живот, Воздухот сака промени и брзина, па во овој однос малку ќе ги размрда работите. Врската меѓу овие два знака може да заврши, оставајќи многу негативни чувства. Она што на почетокот се чини возбудливо, може да заврши со тотален контра ефект, кој ќе се повторува во недоглед.

Воздух и Воздух
Овие два елементи можат да се разговараат со часови и на крај да не дојдат до никаков заклучок. Еден на друг можат да си шепотат празни фрази кои не изразуваат емоции, ниту пак ги допираат чувствата на другиот. Спојот на овие два елементи, може да ги исцрпи партнерите со непотребно зборување, трачарење и непотребен сарказам. Во овој однос фали стабилност и ниеден од партнерите нема да напредува ниту емотивно, нити интелектуално.

Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Мрачен хороскоп: Во кои знаци се раѓаат најмногу сериски убијци? На листата сериски убијци родени во знакот на Скорпија има седум имиња, а меѓу н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg