Кои хороскопски знаци се најсекси?
Вага: Уметник
Уметници во смисла на уникатноста со која ќе ве орасположат. Тие кријат совршена хармонија во врските и почитување на секој скапоцен момент. Сакаат да експериментираат со масла, масажи и тивка музика и неколку интересни сценарија кои во моментот ќе ги смислат. Ако сте со Вага, подгответе се за уникатни авантури.
Скорпија: Огнени љубовници
Страствените Скорпии се најжешките љубовници во кревет. Иако нивната сексуална моќ и магнетизам тешко може да се игнорираат, впуштајќи се во кревет со Скорпија може да има навистина негативни последици. Додека вие сè уште уживате, тие веќе смислуваат како да го напуштат креветот и да избегаат што подалеку.
Стрелец: Вечни ловци
Господари се кога станува збор за заведување и за ловење на нешто ново и возбудливо. Ги користат сите можни средства за заведување и искрено ги искажуваат желбите кои ги имаат. По само една вечер со нив ќе се чувствувате беспомошно, иако дотогаш сметавте дека имате неверојатна сексуална моќ. Тие едноставно владеат со сите.
Јарец: Трпеливи љубовници
Јарците се чудни љубовници – бавни кога го прават првиот чекор, трпеливи и кога не очекувате дека има простор за тоа, а кога веќе еднаш ќе завладеат со вас ќе ве натераат да не помислите на ништо друго освен нив. Бидете трпеливи со Јарците и за сметка на трпението ќе бидете соодветно наградени.
Водолија: Собирач на играчки
Ако сте со некој кој сака да експериментира под чаршавот или пак да го зачини сексот со многу играчки, масла и костими, тогаш се справувате со типична Водолија. Секогаш спремни за нешто ново и жртвуваат сè само за до достигнат врвно задоволство или да го дадат истото. Водолиите се знаци кои ретко кој може да ги скроти, затоа ако барате мирни и едноставни ноќи бегајте од нив.
Риби: Верен љубовник
Многу слични на Ракот, Рибите ја ценат вредноста на емоциите. За нив сексот е нешто повеќе од само физичка активност. Страст, љубов, внимание и трпеливост е сè што ќе пронајдете кај нив. Но, сепак вие ќе треба да ја завршите целата работа. Не сакаат доминација врз некој друг и често пати се мрзеливи. Најдобро одговараат на некој знак кој сака да експериментира и доминира, нешто како Водолијата.