Годишен хороскоп за 2013 - Бик
Општо: Оваа година Биковите ги очекува тежок период кога станува збор за здравјето. Сè друго оди според планот, па дури и оние работи кои до неодамна беа излезени од контрола. Оваа година ви носи многу нови личности и пријатели од кои ќе профитирате и во социјална и во материјална смисла. Секоја ваша инвестиција која не ви успеала во изминативе години, имајте храброст да ја обновите и да ризикувате – на крајот ќе ви се исплати бидејќи оваа година ќе ве следи само среќа. Бидејќи Бикот се одликува со голема тврдоглавост, може да навлезе подлабоко во здравствените проблеми.
Љубов: Вашиот љубовен живот во текот на следните 12 месеци нема значително да се промени. За сите оние Бикови кои се во подолги врски би било пожелно да отидат на романтично патувања, бидејќи во последно време го занемаруваат својот партнер, а монотонијата не е баш позитивна. Оние кои се сами, ќе западнат во кратка криза која брзо ќе помине, бидејќи нема да најдат личност која ќе ги задоволи сите ваши барања. Летниот период е погоден за кратка љубовна афера, која ќе ви биде доволна за мала релаксација и опуштање.
Здравје: Бикот е знак кој никогаш не се откажува, па затоа искористете ја оваа особина да се борите за вашето здравје. Страсните пушачи мора да внимаваат на ситуацијата со белите дробови, бидејќи постои опасност од воспаление и поголеми проблеми. Навремено откажување на цигарите или преглед на белите дробови ќе ви помогне за навремено откривање и спречување на компликациите. За сите непушачи исто така ќе бидат проблем белите дробови, но тие ќе имаат задача да избегнуваат ладна храна и пијалаци, како и да избегнуваат изложување на студ подолго време.
Вашата среќа ќе зависи од тоа колку ќе дозволите другите да влијаат на неа. На вашата желба за успех најмногу ќе влијае здравјето, така што трудете се здравствено да се припремите за наредната година.
Среќни броеви: 4,7,12,22,23
Среќен месец: Декември
Песна која ќе ви ја одбележи годината: