Што сте според хороскопот: Победници или губитници?

Секој сака да победи, но не знае секој како да се однесува во таква ситуација. И обратно, треба да се знае да се губи. Ако може, со шарм или уште подобро со хумор.

sto-ste-spored-horoskopot-pobednici-ili-gubitnici-01

Еве, како најчесто реагираат, во такви ситуации знаците на Зодијакот:

Овен
Сака да биде прв и тоа му е во природата. Не стои високо, но сака да оди понатаму. Подготвен е да дели со другите, но нема баш да инсистира на тоа. Кој е блиску до него, ќе ги почувствува неговите доблести и пријатноста на победата. Како поразен игра фер плеј и ќе му подаде рака на победникот. Никогаш не е злопамтило. Ако изгуби, тој едноставно продолжува понатаму.

Бик
Победата му значи само ако од неа има некоја конкретна корист. Ако со неа е врзано нешто неопипливо, тогаш може да биде рамнодушен. Слично е и кога ќе се најде во улога на губитник. Нема да се грижи ако станува збор за нешто нематеријално, но ако треба да се откаже од нешто материјално или нешто што му го прави животот попријатен, тешко ќе се помири со тоа.

Близнаци
Близнакот секогаш ќе се снајде. Нивната подвижност се манифестира не само на физичко ниво, туку и во составот. Ќе релативизира речиси сè. Со задоволство ќе се забавува со својата победа, но нема да и придава премногу значење како некој друг. Не е ниту горд, ниту препотентен, повеќе е реалист. Кога ќе изгуби, рационализира и останува на површината. Така се лечи од поразот.

Рак
Иако никогаш нема да признае, на Ракот победата многу му значи. Сака да се докажува и во длабочината на душата ќе чувствува вистинско исполнување кога ќе победи. Тоа чувство ќе го подели со другите, а сигурно ќе сочувствува и со оној што изгубил. Веројатно и ќе го теши. Кога губи, долго потоа анализира каде згрешил. Така се подготвува тоа да го поправи.

Лав
За многумина тоа е роден победник, оној кој сјае (најдобро пред публика) само што му недостасува ловоров венец на главата. Ќе дели со другите, но само ако му се покорни и подготвени да го слушаат неговото самофалење. Не ретко станува напорен. Кога губи, му треба малку време тоа да го „свари“, а потоа подава рака, но не може да ја сокрие крутоста.

Девица
Иако е победник, обично се однесува како слуга. Со задоволство своите заслуги ќе му ги понуди на услуга на некој или ќе ги направи корисни за повеќето. Поради својата природа на скромност се чувствува малку чудно како победник. Ако губи, ќе приговара за сè и сешто, а себеси ќе се анализира подолго време. Бесконечно ќе ги усовршува деталите за да не изгуби повторно.

Останатите 6 знаци пронајдете ги на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg