Астрологија според времето на раѓање

Како што секој ден во месецот има своја нумеролошка вибрација, така и секој час во денот има одредена астролошка фрекфенција која значително влијае на осцилациите на биоенегретското полнење. Ова е од посебно значење за часот на раѓање, ако знаеме дека влијанието на планетите се менува во кругот од 24 часа.

astro-casovi-vo-eden-den

Имено не е сеедно дали сме родени наутро, на пладне, или доцна навечер. Некои свои постапки, стравови и расположенија ќе ги разбереме подобро ако ја знаеме нумеричката вибрација на часот на раѓање.

Кругот од 24 часа е поделен на шест нумерички дела. Првиот нумерички дел е помеѓу нула и четири часот, вториот помеѓу 4 и 8 часот, третиот помеѓу 8 и 12, четвртиот помеѓу 12 и 16, петтиот помеѓу 16 1 20 и шестиот –последниот помеѓу 20 и 24, односно 0 часот.

За родените помеѓу 0 и 4 часот
Вие сте со тивка и смирена природа. Сакате да сонувате и да градите кули во облаци. Имате бујна фантазија, но тешко се снаоѓате во светот на физичката реалност. Родени сте како фантазер и поет, па затоа луѓето не ве разбираат. По малку сте месечар и ветрушка, имате благородна душа.

За родените помеѓу 4 и 8 часот
Вие се одликувате со итрина и склад. Упорни сте и истрајни во своите работи, особено во практичните работи. Како малку кој се снаоѓате во светот на реалноста. Тежнеете на другите да им бидете пример, да се докажувате и потврдувате.

За родените помеѓу 8 и 12 часот
Вие сте суштество полно со верба, надеж и оптимизам. Ведри сте. Секаде зрачите со несебична љубов и магнетска топлина. Чувствителни сте и продуховени. Имате склоност кон уметноста и филозофијата, ве одликуваат доблести и таленти.

За родените помеѓу 12 и 16 часот
Ведри сте, живи, орни, полни со енергија. За вас се добри практичните работи. Добар говорник сте, математичар и физичар. Но, и добар писател само ако ја насочите својата енергија во тој правец. Вие сте личност која е сестрано надарена, во многу професии и занаети може успешно да ја изразите својата креативност.

За родените помеѓу 16 и 20 часот
Вие сте со немирен дух, скитник, малку нервозни и ветрушка. Движењата ви се динамични, зборовите општи и силни, бргу мислите и работите. Сакате што е можно повеќе од животот, го сакате животот во сите свои облици и видови. Често ги менувате одлуките и ставовите, во исто време работите по неколку работи. Кој не ве познава добро, би помислил дека сте брзоплети, но вие сте свесни за сè што работите.

За родените помеѓу 20 и 24 часот
Умерени сте, упорни и истрајни на сите полиња. Тежнеете кон тоа да доминирате над работите и ситуациите. Имате склоност кон филозофијата и книжевноста, рационални сте и продуховени. Магнетски делувате на опкружувањето, авторитет сте во семејството и друштвото, помеѓу пријателите и роднините. Малку делувате самоуверено, затоа што премногу вервате во себе, затоа што сте полни со самодоверба, со животна и креативна енергија.


Основни астролошки типови

Соларен тип
Тоа се родените помеѓу четири часот наутро и десет часот навечер. Карактеристики: ведри, живи, оптимистички расположени, рационални, практични, полни со светлост и животна енергија. Соларниот тип има нумеролоша вредност 1, 3, 5, 7 и 9. Ако сега ги собереме броевите во опсегот на соларниот тип, ќе го добиеме бројот 25, односно 2 + 5 = 7. Значи, 7, е бројот на соларниот тип.

Летен тип
Родените помеѓу 30 април и 31 октомври. Карактеристики: рационални, проактивни, практични, екстравагантни, урамнотежени, зимурливи. Летниот тип има нумеролошка вредност 5, 6, 7, 8, 9 и 1. Ако сега ги собереме броевите во летниот тип го добиваме бројот 9.

Лунарен тип
Родените помеѓу десет часот навечер и четири часот наутро. Карактеристики: тивки, благи, ненаметливи, малку меланхолични, песимистички расположени, родени фантазери и поети. Лунарниот тип има нумеролошка вредност 2, 4, 6 и 8. Ако ги собереме броевите во лунарниот тип 2+4+6+8=20, односно 2+0=2, што значи бројот 2 е бројот на лунарниот тип.

Зимски тип
Родените помеѓу 31 октомври и 30 април. Карактеристики: филозофи, медитативни, помалку практични, нервозни, подеднакво екстровертни и интровертни, лесно поднесуваат студ. Ако ги собереме броевите во зимскиот тип, ќе го добиеме бројот 6.

Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Мрачен хороскоп: Во кои знаци се раѓаат најмногу сериски убијци? На листата сериски убијци родени во знакот на Скорпија има седум имиња, а меѓу н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg