Заврши првиот ретрограден Меркур за 2025-та: Што да очекувате по тешкиот период, според хороскопскиот знак?
Вага
Време е да се ослободите од пријателствата кои повеќе ви штетат отколку што ви носат добро.
Искористете го поволниот период за да најдете вистински пријатели кои ќе ве поддржуваат и возвишуваат.
Скорпија
Не си го преоптоварувајте мозокот со работа и информации. Сега, кога заврши проблематичниот период, дозволете си да се ослободите од мислите, особено лошите.
Одвојте време за некое хоби кое долго време го запоставувате.
Стрелец
Ако ретроградниот Меркур имал особено лошо влијание врз вас, не заборавајте дека вашите сакани ве разбираат.
Во наредниот период не би требало да се соочите со никакви проблеми и ќе можете да се фокусирате на подобрување на менталната состојба.
Јарец
Ретроградниот Меркур можеби заврши, но ќе треба да почекате пред да почне поволниот период за вас.
Имајте резервен план за сè, добро организирајте си ги просторот и времето и одложете ги важните одлуки уште за некој период.
Водолија
Ќе бидете окупирани со практични проблеми, вклучително и финансии. Ќе сакате да ги поправите грешките од изминатиот месец, па максимално искористете го поволниот период што следи.
Не двоумете се и дали да побарате помош ако ви треба.
Риби
Во наредните неколку недели ќе се сомневате за вашите одлуки, најмногу поради влијанието што ретроградниот Меркур го имаше врз вас.
Но, немојте да се потпирате само на вашите инстинкти и пристапете им на проблемите поразумно. Консултирајте се и со некој поискусен ако сте неодлучни.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





