Како секој хороскопски знак се справува со тагата и жалењето по загубата на близок?
Девиците се обвинуваат себеси, Скорпиите бараат логика во причините, а Вагите имаат потреба да се исплачат или да врескаат и сакаат да ги оставите на мир – како секој хороскопски знак се справува со тагата и фазата на жалење по загубата на некој близок?
Секако, покрај тоа што хороскопскиот знак игра улога во карактерот на човекот, тоа не значи дека кога ќе се случи вистинска тага и траума, некој не реагира поинаку.
Ова е само еден потсетник за тоа дека некои постапки се сосема очекувани од припадниците на знаците во случај на тага и жалење.
Но, не постои правило дека е со сигурност така, па не го земајте здраво за готово.
Овен
Овните се чувствуваат принудено да преземат акција. Не се од оние кои сакаат да седат и да тонат во својата тага, туку сакаат да се впуштат во нешто за да избегаат од ситуацијата. Најважно им е да продолжат со активности, какви и да се. Со тоа што ќе дозволат да не прават ништо, ризикуваат да бидат преплавени од својата тага, а сакаат да го избегнат тоа.
Бик
Биковите често знаат да останат приземни кога се соочуваат со тага и жалост. Јасно им е колку е важно да останат свесни и често бараат утеха кај блиските членови од семејството или пријателите. Можеби изгледаат како да се добри, но тие длабоко во себе жалат и тагуваат, само сакаат да бидат присутни за сите останати и за што и да е потребно.
Близнаци
Жалењето може да направи Близнаците да почувствуваат дека се надвор од контрола. Така тие се соочуваат со немоќ, бидејќи смртта е една од оние работи кои не може да се контролираат. Близнаците може да се повлечат од рутината во овој период и да се обидат да си најдат безбедно место и чувство на сигурност. Обезбедете им време насамо, иако вообичаено не го бараат тоа.
Рак
Тагата, која многумина би помислиле дека ќе биде испишана на лицето на емоционалните Ракови, сепак често се крие во сенка. Иако се екстремно сензитивни, припадниците на овој знак жалат во тишина. Има разлика помеѓу секојдневната тага за обични работи во животот и помеѓу онаа за загуба, која на Раковите им е тешко да ја прифатат. Единствено што можат да направат е да остават насамо тагата да потоне и да продолжат оттаму.
Лав
Лавовите ги прескокнуваат првите неколку фази од тагувањето и преминуваат на преговарање. Не се способни да се соочат со реалноста од загубата и пробуваат да преговараат со нивниот внатрешен глас, барајќи каков било знак кој може да им докаже дека ќе успеат да се извлечат од ова. Иако нема да побараат помош, подобро ќе се справат ако имаат некој околу нив кој им дава поддршка, а тоа што ќе можат некому да се доверат е клучот за нивното закрепнување, како и тоа другите да ги валидираат нивните емоции.
Девица
Девиците понекогаш си прават премногу притисок себеси кога се во жалост. Пробуваат да си најдат себеси замерки, дали нешто би било поинаку ако нешто направеле, или дали нешто можело да се стори што ќе резултирало со тоа личноста да биде уште тука. Длабоко во себе знаат дека ништо од ова нема логика и дека мислите им се невистинити, но сакаат да се осигурат дека направиле најдобро што можеле, за да можат да се помират со ситуацијата.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





