Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Денес почнува првиот ретрограден Меркур во 2025 - Како ќе влијае на хороскопските знаци?

denes-pochnuva-prviot-retrograden-merkur-vo-2025-kako-kje-vlijae-na-horoskopskite-znaci-02.jpg

Вага

Ако некое ваше пријателство (или врска) е на стаклени нозе, многу е веројатно дека во следните неколку недели ќе „пукне“.

Некои работи не одеа ни без ретроградниот Меркур, но влијанието на планетите само ќе ги засили негативните аспекти, па не очекувајте ништо позитивно на овој план.

Скорпија

Овој ретрограден Меркур најмалку ќе влијае на Скорпиите - вие скоро и да нема да го почувствувате неговиот негативен ефект.

Сепак, не започнувајте караници и не влегувајте во конфликти, туку пробувајте да ја смирите ситуацијата и да прифатите компромис и кога не сакате.

Стрелец

Во следните три недели ќе бидете понервозни и поизбувливи од вообичаено, што ќе влијае на вашето расположение и на односот со околината.

Кога ќе се најдете во незавидна ситуација, сетете се дека не сте центарот на светот и дека на вашето (не)расположение во голема мера влијае ретроградниот Меркур, па обидете се да се контролирате.

Јарец

Овој ретрограден Меркур кај вас ќе влијае најмногу на семејните односи, па наместо да се браните, свртете ја ситуацијата и прифатете некои совети или критики.

Иако ќе ви биде тешко, пробајте да ги решавате проблемите наместо да ги создавате.

Водолија

Водолиите ќе бидат меѓу најпогодените знаци додека трае влијанието на ретроградниот Меркур во комбинација со ретроградната Венера.

Сè што ќе правите во следниот период проверете го двапати за да не направите фатална грешка која може да ве чини многу, особено финансиски.

Риби

Во следните три недели можете да очекувате реалноста „да ве удри в лице“ и да мора да се соочите со работи кои не сака(в)те да си ги признаете.

Ако се најдете во незавидна ситуација, најважно е да „разговарате“ со самите себе и да бидете сигурни во тоа што ќе го направите-кажете.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ретроградна Венера од 1-ви март 2025 ќе донесе патувања и стари љубови - Како ќе влијае на секој хор... Ретроградната Венера ќе нè натера да преиспитаме како се изразуваме во љубовта и...
Какво влијание ќе има секој ретрограден Меркур во 2025-та? Во 2025-та година Меркур ќе биде ретрограден трипати. На што треба особено да об...
Кои се најлошите астролошки комбинации за снаа и свекрва (и зошто)? И Скорпијата, и Водолијата се силни знаци, но со многу различни начини на размис...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Финансиски хороскоп за август 2024: Кои знаци ќе имаат проблеми со парите, а кои ќе се збогатат? Вага - Пред крајот на месецот не позајмувате пари никому, бидејќи постои голема ...
Хороскопски знаци кои во пролет 2025 (најверојатно) ќе ја пронајдат својата сродна душа Бикови, бевте трпеливи, внимателни, можеби и по малку скептични кога станува збо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg