Денес почнува првиот ретрограден Меркур во 2025 - Како ќе влијае на хороскопските знаци?
Вага - Ако некое ваше пријателство (или врска) е на стаклени нозе, многу е веројатно дека во следните три недели ќе „пукне“.
Првиот ретрограден Меркур во 2025 година почнува денес, 15 март и ќе трае до 7 април.
Но, тој се спојува и со ретроградната Венера, па ќе им донесе големи предизвици на хороскопските знаци.
А некои од нив ќе бидат погодени многу силно од промените.
Како ќе влијае ретроградниот Меркур на секој хороскопски знак?
Овен
Ова не е период кога треба да им помогнете на другите, ниту да се „наметнувате“ како посредник во туѓите караници.
Што и да правите, прво свртете се кон себе, фокусирајте се на своите желби и потреби и на тој начин обидете се да ги избегнете недоразбирањата и лошата комуникација во следните неколку недели.
Бик
Не брзајте никаде и не одете со главата низ ѕид ако сакате да ги „преживеете“ деновите на двете планети кои се движат ретроградно.
Можни се деловни проблеми, па не почнувајте големи проекти, избегнувајте да потпишувате договори кои ви се сомнителни и држете се подалеку од зделки кои може да ви донесат негативни последици не само во овие недели, туку да ги чувствувате и во следните месеци.
Близнаци
Во следните неколку недели се можни турбуленции на приватен план, бидејќи во вашиот живот ќе се појави поранешен љубовник, член од семејството со кој не разговарате или колега со кој сте прекинале комуникација.
Ова ќе бидат денови во кои ќе се преиспитувате себеси, но запомнете - дури и да им дадете нова шанса немате потврда дека истиот проблем нема да се појави повторно.
Рак
Ако не сакате проблеми - не ги поминувајте црвените линии на луѓето и не си давајте за право да правите работи или да коментирате нешто што не се однесува на вас.
Важно е да имате студена глава кога ќе носите одлуки, а ако се придржувате до ова, тогаш ќе бидете едни од оние кои најлесно ќе го „преживеат“ ретроградниот Меркур.
Лав
Во следните денови мора да „го држите јазикот за заби“ и да не избрзувате со коментари - во спротивно ќе мора да се соочите со последици како раскината врска, барање за развод, отказ од работа...
Овој ретрограден Меркур за вас ќе биде во знакот на лошата комуникација, па не размислувајте еднаш, туку трипати пред да реагирате.
Девица
Од почетокот на годината имате силно изразени емоции кои во следните недели може да „експлодираат“ и да ви донесат проблеми, особено на приватен план.
Во следниот период намалете ја комуникацијата со луѓето, избегнувајте конфликти, а наместо да се објаснувате и докажувате - повлечете се од секоја караница.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





