Најинтимните тајни на сите хороскопски знаци кои ги кријат длабоко во себе
Вага
Тешко им е да бидат подолг период без партнер, бидејќи им е потребно времето да го посветуваат на други, за да не се фокусираат толку на своите проблеми.
Не сакаат да се занимаваат и целото внимание да го вложат во своите проблеми, па се преправаат дека сè е во ред додека се кријат под маска.
Скорпија
Скорпиите се плашат да се зближуваат со луѓе. Им годи тоа што другите им веруваат, но нив им е тешко да се доверат.
Се плашат дека со ова ќе ги оттурнат од себе сите еден ден, но не знаат како да го поправат ова.
Стрелец
Без разлика колку делуваат амбициозно, успешно и посветено, реалноста е дека длабоко во себе, сè што посакуваат е да сакаат и да бидат сакани.
Кога не се со некого почнуваат да се чувствуваат безнадежно и дека не се доволно добри за никого, иако тоа никогаш нема да го признаат и однадвор делуваат како да се самостојна карпа.
Јарец
Длабоко во себе стравуваат дека ќе останат сами засекогаш, бидејќи не сакаат да бидат опкружени со луѓе во секојдневието.
Работат напорно за да стигнат на врвот за да не мораат да бидат зависни од никого ниту пак да имаат длабоки конекции со некого.
Но, заради тоа цената што ја плаќаат е стравот од осаменоста во иднина.
Водолија
Емоциите не ги чувствуваат толку силно како што сметаат дека треба или како што гледаат кај другите луѓе.
Се впуштаат во врски, но долго време немаат никакви чувства, а поради ова веруваат дека нешто не е во ред со нив, иако само им е потребно време за вистински да се поврзат.
Риби
Често имаат периоди во животот кога не знаат што прават со себе и се препуштаат на фантазии за да се чувствуваат подобро.
Изгубени се и збунети иако се однесуваат како работите да им се под контрола и мразат да бараат помош.
М. М. | Црнобело
фото: CRNOBELO.com - генерирано со AI
Би можело да ве интересира:





