Колку е интуитивен секој хороскопски знак?
Бик: Интуитицијата на моменти може да го збуни Бикот. Припадниците на овој знак имаат потреба да ги проверат работите.
Ѝ верувате ли на својата интуиција? Колку се потпирате на неа во животот?
Интуиција е способноста за стекнување со знаење без донесување заклучоци и употреба на разумот. Зборот „интуиција“ доаѓа од латинскиот збор „intueri“, кој најчесто се преведува како „да погледне внатре“ или „да расудува“.
Интуицијата нè „снабдува“ со верувања кои ние не можеме секогаш логички да ги оправдаме. Од оваа причина, таа е предмет на проучување на психологијата, како и предмет на интерес во сферата на натприродното.
Некои хороскопски знаци во голема мерка се потпираат на интуицијата во животот, додека други сосема малку.
Колку се интуитивни хороскопските знаци?
Овен
Кога ќе почувствуваат нешто со нивното шесто сетило, веднаш се водат од тоа.
Не сакаат многу да ги комплицираат работите. Доволна им е една сцена, еден глас и сè им е јасно. Такви се по природа.
Бик
Интуитицијата на моменти може да го збуни Бикот. Тие имаат потреба да ги проверат работите.
Понекогаш, Бикот ако не најде соодветен доказ за своето сознание, ќе биде подготвен да почека.
Во ситуации каде што е потребна тактичност, тоа е добро, но таму каде што треба да се дејствува веднаш, ќе задоцнат.
Близнаци
Нивната љубопитност е меч со две острици. Интуитивни се, но секогаш сакаат повеќе информации.
Некогаш се преоптоваруваат со премногу детали, но некогаш кога делуваат само според интуицијата, пак, можно е да бидат површни.
Рак
Тие ги прифаќаат сите интуитивни сознанија со целото свое битие како нешто дадено и судбинско, но овој став може да ги блокира при гледањето на реалната слика.
Потребно е ширум да ги отворат очите, како кон внатре, така и кон однадвор.
Лав
Нивната гордост, дека дошле до некое интуитивно сознание, на моменти може да им биде и замка. Кога ќе сфатат нешто важно и големо, сакаат да го разгласат на целиот свет, без тактичност, плус сакаат да се пофалат за тоа.
Така стекнуваат многу непријатели и се мета на замерки од другите. Интуицијата бара смиреност и тишина.
Девица
Нивните согледувања на работите обично се добри и прецизни, но склоноста да ги надополнат со многу детали може да ги одведе во погрешна насока.
Наместо новите сознанија само во практика да ги вклопат во животот, тие може да се впуштат во бесконечно анализирање, а интуицијата тоа не го бара.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





