Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Колку е интуитивен секој хороскопски знак?

kolku-e-intuitiven-sekoj-horoskopski-znak-02.jpg

Вага

Сè ќе биде во ред ако интуитивните сознанија не ги сфатат премногу сериозно.

Вагата знае да разликува што е вистина, а што не, но веројатно долго ќе размислува што да прави со тоа.

Најлошо е ако им проработи чувствителноста и се заплеткаат во неодлучност.

Скорпија

Тие се мајстори кога станува збор за интуицијата. Тие ѝ веруваат и едноставно знаат дека тоа што им го кажува таа е точно и дека е баш така.

Единствениот проблем е ако ваквите сознанија некогаш ги користат во негативна насока, на пример за одмазда. Но, тоа е веќе прашање на самоконтрола и карактер, кој варира од припадник до припадник на знакот.

Стрелец

Во состојба се да ги споделат нивните интиуитивни претчувства со целиот свет, но и претераното филозофирање на тема што интуитивно е нивна карактеристика.

На моменти се губат во претерано филозофирање и тоа често нема да ги одведе никаде, освен во лавиринтот на бесконечно лутање и претпоставки.

Јарец

Нив ги интересира суштината на работите и кога ќе дојдат до неа преку интуитивен увид, имаат потреба да ја запаметат, архивираат и да ја воздигнат.

Важно е да не заборават како тоа сознание да го применат во секојдневниот живот.

Водолија

Тие чекорат низ животот со силни интуитивни увиди во работите при тоа, но многу често не знаат што да прават со нив.

Потребно е да работат на усогласувањето на духовното и практичното за интуицијата да им донесе практична животна примена.

Риби

Тие живеат во свој свет и иако не сакаат да признаат на моменти многу се одделуваат од реалноста.

Важно е што повеќе да работат на својата перцепција за случувањата од секојдневието и да ја зајакнат врската меѓу интуитивните визии и реалниот живот. Нешто од тоа и ќе им се оствари.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Кои се најлошите астролошки комбинации за снаа и свекрва (и зошто)? И Скорпијата, и Водолијата се силни знаци, но со многу различни начини на размис...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
Која свекрва никогаш нема да ве смета за доволно добра за синот, според хороскопот? Скорпија: Тие ги сакаат премногу своите синови, па таа длабока љубов во нив чест...
Хороскопските знаци рангирани според манипулативност – кој најмногу ќе ви го „загорчи“ животот? Раковите можеби не се проблематични како Скорпиите и Близнаците, но знаат како д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg