Јупитер е ретрограден до февруари 2025 - Што може да очекува секој хороскопски знак?

planetata-na-srekjata-jupiter-kje-bide-retrogradna-do-krajot-na-godinata-shto-mozhe-da-ochekuva-sekoj-horoskopski-znak-02.jpg

Вага

Во изминатиот период бевте посветени на стекнување нови знаења, наместо на нови авантури, и правевте сè за да не излезете од зоната на комфорот.

Но, штом Јупитер почне да се движи наназад, можно е да се повлечете во себе и да почнете да размислувате повеќе за сопствените постапки и зошто некои работи си ги ускратувате.

Можно е да донесете неочекувана одлука за некоја авантура за којашто долго време сте се двоумеле, или да си зацртате јасни цели за тоа што сакате да постигнете и во кој правец да се движите во новата година.

Скорпија

Во последниот период многу повеќе бевте сконцентрирани на односите со партнерот и со блиските, на заедничкиот буџет и заедничките вложувања, кои ви биле од корист.

Но, со влегувањето на Јупитер во ретроградна фаза ќе почнете повеќе да размислувате за другите аспекти од заедничкиот живот.

Како влијаат односите со нив врз вашето физичко и ментално здравје и дали навистина можете да се пофалите дека меѓу вас постои вистинска блискост или само меѓусебно се искористувате?

Стрелец

Во изминатиот период бевте сконцентрирани на зајакнување на односите со луѓето во околината, партнерот, личностите што ви се допаѓаат, но и со колегите и блиските.

Многу е веројатно да чувствувавте дека животот не може да ви биде поубав затоа што ги имате луѓето во него.

Но, штом Јупитер тргне да се движи наназад, кај вас ќе се јави сомнежи.

Ќе почнете да размислувате за тоа колку давате вие за тие луѓе и како и колку тие ви враќаат и што е она што ви го нудат за возврат.

Јарец

Во изминатиот период имавте повеќе обврски од вообичаено, но и повеќе можности за дружби со пријателите. Исто така, ова беше период кога повеќе бевте сконцентрирани на сопственото здравје и здравиот начин на живот.

Но, штом планетата која е ваш владетел, Јупитер, почне да се движи наназад, вие ќе почнете да се преиспитувате дали воопшто вреди сето тоа што го правите.

Иако сте познати како вредни работници коишто не се штедат, можно е да почнете да сфаќате дека некогаш е добро и само да лежите и да не правите ништо, за да си го подобрите расположението.

Водолија

Во последниот период многу повеќе бевте сконцентрирани на креативните идеи и на она што ве прави среќни. Можно е да флертувавте повеќе од вообичаено и да бевте поопуштени.

Ако сте сингл, изминатиот период имавте повеќе понуди за врска од вообичаено, а ако сте во врска, многу е веројатно да ве обзеле емоции заради кои сте чувствувале дека се вљубувате повторно во партнерот.

Но, штом Јупитер почне да се движи наназад, ќе почнете повеќе да размислувате за вашиот љубовен живот, за тоа што би сакале да постигнете на долгорочен план.

Можно е да одлучите дека во иднина сакате повеќе да се посветите на личното задоволство и да бидете малку посебични.

Риби

Во последниот период многу повеќе размислувавте за домашниот живот и за домот, но и за тоа како тој влијае врз вашите емоции и начинот на живот.

Додека Јупитер се движи наназад можно е да одлучите да го промените местото на живеење, да го преуредите домот и да размислувате за тоа што треба да промените за да имате поголем мир.

Исто така, ова е период во којшто може да одлучите дека ви е потребен поголем духовен мир, па да побарате помош од психолог или да почнете да медитирате.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
Како ќе влијае порамнувањето на 6-те планети врз вашиот хороскопски знак? За Близнаците, ова ќе биде период на духовно будење, додека Водолиите ќе уживаат...
Годишен хороскоп за 2024: Вага Поради унапредување, започнување свој бизнис или, пак, добра инвестиција, година...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Една важна (животна) лекција што ќе му ја донесе ретроградниот Плутон на секој хороскопски знак Лав - Можни се борби за тоа кој го има главниот збор во врската или неочекувани ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg