Јупитер е ретрограден до февруари 2025 - Што може да очекува секој хороскопски знак?

Ретроградниот Јупитер на секој знак му носи по една важна лекција. Кој ќе одлучи да се ослободи од токсичните луѓе во животот, а кој може нагло да одлучи да го промени местото на живеење?

planetata-na-srekjata-jupiter-kje-bide-retrogradna-do-krajot-na-godinata-shto-mozhe-da-ochekuva-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Веќе сите знаеме дека ретроградното движење на планетите може да предизвика хаос во нашите животи, а најчест „виновник“ за којшто се зборува е Меркур.

Но, од 9-ти октомври планетата на среќата, Јупитер ќе почне да се движи наназад, па добро би било да знаете што може да очекувате.

Јупитер е најголемата планета во соларниот систем, а исто така има мошне значајна улога и во астрологијата.

Важи за планета која носи среќа, радости, знаење и мудрост. Кога оваа планета се наоѓа во вашиот знак може да ви донесе среќа на љубовен план и поголема заработка. Кога е во ретроградна фаза, тоа значи пауза или мирување на овие полиња.

Секоја година Јупитер е ретрограден по неколку месеци и ни се чини дека се движи наназад во однос на Планетата Земја.

Годинава Јупитер ќе биде ретрограден од 9-ти октомври до 4-ти февруари 2025-та година, и тоа во знакот Близнаци.

Што може да очекува секој хороскопски знак во тој период?

Овен

Во изминатиот период бевте доста зафатени и многу е веројатно да не можете да кренете глава од големиот број обврски, но и покани за настани, дружби и семејни прослави.

Исто така, веројатно е да имате испланирано и голем број патувања.

Но, кога Јупитер ќе започне со ретроградната фаза, можно е да почнете да се чувствувате непријатно заради големиот број обврски што си ги задавате.

Ќе почнете да размислувате дали воопшто сето тоа што го правите е потребно и најверојатно ќе донесете заклучоци да се ослободите од непотребниот товар и од луѓето што ви го трошат времето.

Бик

Во изминатиот период имавте повеќе можности да ја зголемите заработката и бевте сконцентрирани на ангажманите што ќе ви помогнат да напредувате на поле кариера.

Но, кога Јупитер ќе почне да се движи наназад ќе почнете да размислувате колку време трошите на непотребни работи и дали воопшто вреди да го трошите времето на ангажманите што не ви носат пари.

Многу е веројатно да се сконцентрирате на сопствените бизнис идеи и да почнете да размислувате како да ги реализирате.

Близнаци

Сконцентрирани сте на тоа да оставите печат и да си ги остварите соништата. Во изминатиот период повеќе бевте посветени на остварување нови контакти и на сопствените цели.

Но, штом Јупитер почне да се движи наназад, ќе почнете да ги преиспитувате сопствените одлуки и да размислувате дали се движите во вистинскиот правец.

Дали вложувате доволно енергија во проектите што ви значат? Дали е доволно тоа што го правите? Дали не е подобро да се сконцентрирате на некои покрупни и поважни проекти?

Ретроградниот Јупитер ќе ве натера да размислите добро за своите одлуки на поле кариера и на кој начин да ги остварите соништата. Сепак, не се обидувајте ништо да решите преку ноќ, дајте си можност добро да размислите за следните чекори.

Рак

Во последниот период бевте сконцентрирани на дружби, учење нови работи и нови познанства.

Но, ретроградната фаза на Јупитер ќе ве натера да забавите, да си дадете повеќе време за одмор и за да ги наполните батериите. Да почнете повеќе да верувате на сопствената интуиција и на потсвесните пориви.

Можно е да почнете да раскрстувате со луѓето и личностите што ве повредуваат, што не ви носат ништо добро во животот и ве туркаат наназад во животот.

Лав

Посветени бевте на тимската работа со колегите, на заедничкиот труд и постигнувањето на замислените цели на работното место.

Верувавте дека сте на чекор да си ги остварите соништата што долго време ви се чинат како неостварлив сон.

Но, со влегувањето на Јупитер во ретроградна фаза ќе почнете да размислувате за тоа дали вреди да се вложувате и да им помагате на колегите, колку тоа ве кочи во остварувањето на вашите цели и во кои соработки навистина вреди да се вложите и да им дадете шанса.

Девица

Периодов имате потреба од реализација на големи проекти, да ја зграпчите можноста за лидерски позиции и, најважно од сè ви беше да добиете признание за напорната работа и трудот што го вложувате.

Веројатно ова беше период во којшто секоја пофалба ви годеше и се чувствувавте самоуверено кога добивавте позитивни коментари за било што, што сте реализирале во животот.

Но, со влегувањето на Јупитер во ретроградна фаза, многу е веројатно да станете поселективни и да ја насочите енергијата само кон оние проекти и работи што навистина ви се важни.

Секако, добро би било да се потпрете на интуицијата, затоа што таа нема да ве излаже.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
Како ќе влијае порамнувањето на 6-те планети врз вашиот хороскопски знак? За Близнаците, ова ќе биде период на духовно будење, додека Водолиите ќе уживаат...
Годишен хороскоп за 2024: Вага Поради унапредување, започнување свој бизнис или, пак, добра инвестиција, година...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Една важна (животна) лекција што ќе му ја донесе ретроградниот Плутон на секој хороскопски знак Лав - Можни се борби за тоа кој го има главниот збор во врската или неочекувани ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg