Како несвесно си го уништувате животот, според вашиот месец на раѓање?
Јули – се навраќате на оние кои ве повредиле
Луѓето постојано се повредуваат едни со други. Но, ако постојано се навраќате на тоа, вие постојано ќе се повредувате и отворате стари рани кои не заздравеле.
Вистината е дека не можете да ги промените луѓето, може само да ги сакате, а ако не ве сакаат, не продолжувате да се обидувате.
Август – не го живеете животот во целост
Погрижете се секој ден да биде ден за кој сте горди што го живеете.
И ако видите дека не водите живот со кој сте задоволни, обидете се повторно и направете сѐ за да бидете среќни со себе.
Септември – постојано се споредувате со другите
Треба да сфатите дека единствената конкуренција која треба да ја гледате е личноста која сте биле вчера.
Ако се подобрите себеси и се фокусираните на сопствената патека, тогаш ќе се подобрите.
Но, ако продолжите да гледате во некој друг и каде се наоѓа, тогаш ќе се чувствувате чекор поназад.
Октомври – премногу се изолирате од другите
Вие се плашите да ги пуштите луѓето да влезат во вашиот живот зашто сте ранливи.
Се плашите дека некој премногу ќе ви се доближи, па ќе замине, па ги оттргнувате луѓето тогаш кога ви се најпотребни.
Но, имајте на ум дека на сите ни требаат луѓе понекогаш и тоа не ве прави воопшто слаби и ранливи.
Ноември – премногу сте негативни
Она со што зрачите, тоа и го привлекувате.
Значи, ако не сте задоволни со работите кои доаѓаат во вашиот живот, погледнете како разговарате со луѓето, како зборувате за нештата, тонот што го користите и слично.
Сите тие ситници влијаат на вашиот живот.
Декември – секогаш држите лутина
Простувањето и заборавањето не е ваш стил на живот.
Во ред е да бидете лути и да внимавате на кого давате втора шанса, но, од друга страна сфатете дека сите понекогаш прават грешки.
М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com