Како секој хороскопски знак ја крие депресијата од околината?

kako-sekoj-horoskopski-znak-ja-krie-depresijata-od-okolinata-02.jpg.jpg

Вага

Кога се депресивни тие ќе се убедат дека нема потреба да седат дома и да очајуваат.

Веднаш ќе договорат средби со пријателите или ќе испланираат некоја нова авантура за да не седат сами и затворени со сопствените емоции.

Тие веруваат дека промената на средината и новите искуства се лек за секоја болка, а особено за душевната. Истовремено, тоа е и најдобар начин да се скријат негативните емоции од околината.

Скорпија

Важат за најдепресивниот хороскопски знак.

Интересно е што овие луѓе не се борат со сопствените емоции, туку им дозволуваат да растат и да се развиваат, па затоа кога се во депресија, уште повеќе ќе се затворат и ќе се изолираат...

Според нив, нема потреба да излегуваат, за другите луѓе да не дознаат со што се соочуваат.

Дури откако ќе им дозволат на емоциите да надвладеат со нив, Скорпиите се свестуваат дека се посилни и дека е време да покажат што научиле од депресијата.

Стрелец

Никогаш нема ниту да претпоставите дека се депресивни или негативно расположени.

Секогаш излегуваат со насмевка и подготвени се да ги расположат другите, а отворено велат дека немаат време за западнат во депресија.

Ако забележат дека почнуваат да ги обземаат негативни емоции, тие веднаш ќе тргнат во некоја нова авантура, што ќе им помогне да заборават на душевната болка.

Јарец

Слично како Скорпиите, и Јарците се мошне подложни на негативни емоции и депресија.

Многу е веројатно во овие периоди целосно да се повлечат во себе, а сите други да ги залажуваат дека сè е во ред...

Ова ќе трае сè додека Јарците не го допрат дното и не почнат да молат за помош и поддршка, па тогаш отворено ќе ви признаат како се чувствувале.

Водолија

Наместо да мудрува и да ги споделува своите генијални и уникатни идеи, кога е во депресија, Водолијата обично молчи и одговара мошне кратко.

Исто така, можно е да почне гневот да го истура врз најблиските, па без причина да влегува во конфликти и расправии.

Никогаш нема да признае дека нешто не е во ред со неа, но нема ниту да се обиде да го скрие своето променливо и негативно расположение.

Риби

Кога се во депресија, Рибите, кои се познати по сопствената бујна имагинација, веднаш ќе почнат и да се залажуваат себеси, а за да не дознаат другите, веднаш ќе настапат со напад за да се одбранат.

Според нив, луѓето во околината не можат да ги сфатат нивните емоции, а ако некој им се спротивстави, тогаш, според нив, таа личност не може да сфати како им е и затоа така се однесува.

Кога се во депресија, Рибите често влегуваат во конфликти и непотребно се расправаат со сите неистомисленици, но никогаш нема да признаат дека проблемот е во нив.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Како несвесно си го уништувате животот, според вашиот месец на раѓање? Личностите родени во месец септември постојано се споредуваат со другите, а тоа ...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg