Една работа што сакате да ја правите, но не признавате, според хороскопскиот знак
Вага
Вие сте личност која често размислува за минатото.
А, навистина сакате кога си замислувате некоја ситуација, но менувате некои детали.
Што би рекле поразлично, што би направиле поразлично – способни сте да направите потполно ново сценарио од една случка и да мечтаете по цел ден.
Скорпија
Обично избегнувате озборувања бидејќи не сакате да повредите некого, но ова не значи дека не сакате да знаете за сите по нешто.
Секогаш внимателно слушате што зборуваат другите околу вас и сте запознаени со сите озборувања за луѓето што ги познавате.
А, кога ќе дознаете нешто навистина добро, особено ако е за личност што не ви се допаѓа, си дозволувате и вие да озборувате, но само со најблиските.
Стрелец
Вие навистина сакате да се грижите за вашето „внатрешно дете“.
Односно, работи што сте ги сакале во детството, а сте немале можност да ги добиете или направите, сега се дел од вашите хобија.
Јарец
Важите за одговорна и принципиелна личност, па криете дека понекогаш знаете да изгубите контрола со трошење пари.
Кога не се чувствувате најдобро, сакате да си купите нешто скапо, само со надеж дека ќе си го подобрите расположението.
Водолија
Сакате другите да ве гледаат како личност со голема самоконтрола.
Но, по напорна работна недела, си дозволувате да заборавите на оваа самоконтрола и да се почастите со тоа што го сакате во моментот – од омилената храна, до некоја кратка авантура.
Риби
Вие сте емотивна личност, но обично ги криете солзите.
Затоа, пак, кога сте сами, одвреме-навреме сакате да се исплачете и да се ослободите од сите емоции.
Спирова С. | Црнобело