Што ви создава „пеперутки во стомакот“, според хороскопскиот знак?

shto-vi-sozdava-peperutki-vo-stomakot-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага

Вагите балансираат и сакаат сите да добијат еднаков третман, а ги вади од такт кога не го добиваат тоа од другите луѓе.

Се чувствуваат возбудено кога некој помни ситни детали за нивниот живот и кога знаат дека некој се гордее со нив.

Комплиментите и коментарите дека тие се единствени и важни во вашето срце со сигурност ќе им предизвикаат пеперутки, а највозбудени ќе бидат ако знаат дека се гордеете со нив и ако покажете дека се грижите за нивното здравје.

Скорпија

На прв поглед се загадочни и повлечени, но Скорпиите се најнеразбраниот знак во зодијакот. Малкумина сфаќаат дека станува збор за мошне емотивни луѓе на кои најважни им се довербата и посветеноста.

Ги возбудува кога знаат дека некој се грижи за нивното емоционално здравје, тука е и им помага да се отворат и да ги совладаат емоциите што долго ги криеле во себе.

Наместо да се расправате кога се вознемирени, насмевнете им се кажете им дека се слатки кога се лутат.

За да им предизвикате пеперутки во стомакот, доволно е да им пратите долга порака во која ќе им кажете дека цените сè што направиле за вас, а подеднакво ќе им се допаднат и неочекуваните пораки во текот на денот.

Стрелец

Тие се главни проповедници на еднаквоста во врските и најмногу од сè ги нервираат личности што се емотивно несигурни и кои им ја ограничуваат слободата.

Заради потребата од независност, тие се озлогласени и важат за луѓе што не знаат да се „скрасат“, но вистината е дека имаат потреба да бидат со личност која е подеднакво независна како нив.

Доволно е само на шега да ги прегрнете и да им речете: „Те фатив“, за да почнат да чувствуваат пеперутки во стомакот.

А, најмногу им се допаѓа кога ќе најдат личност што ги цени нивните карактеристики, за кои многумина сметаат дека се слабост, кога ќе знаат дека до себе имаат еднаков партнер, а не синџири и катанци.

Јарец

Јарецот ќе почувствува пеперутки во стомакот само тогаш кога ќе знае со сигурност дека нашол личност која ќе гo сака до крај и целосно ќе му биде лојална.

Ги возбудува кога личноста ќе им каже дека ќе биде тука за нив и покрај сè, а им се допаѓаат нежни допири кои продираат до нивното срце и ја топат навидум ледената надворешност.

Сепак, треба да знаете дека со нив никогаш не треба да бидете агресивни. Ако им пратите 100 пораки и сè уште не сте добиле одговор, нема да им предизвикате возбуда, туку нервоза затоа што веќе ќе бараат начин како да се спасат од вас.

А, многу често погрешно знаат да ги сфатат и комплиментите. Зад секој коментар ќе бараат скриено значење, па и најдобронамерната забелешка може да ја протолкуваат како добро спакуван, суптилен напад.

Водолија

Ништо не може повеќе да ја возбуди Водолијата од тоа кога некој ја цени нејзината уникатност и креативност. Дополнително тоа треба да биде од личност која е на исто интелектуално рамниште со нив.

Им се допаѓаат сите гестови на внимание во кои се чувствуваат ценето и почитувано. Добиваат пеперутки во стомакот ако некој им подари ЦД со музиката што им се допаѓа, или ако некој од нив директно го побара нивното внимание.

Фразата „Погледни ме!“ ги освојува затоа што чувствуваат дека некој го цени нивното внимание и мислење, заради тоа што често се чувствуваат како најнесфатените луѓе во зодијакот.

Риби

Тие се непоправливи романтичари, кои често летаат во облаците, но им се допаѓа кога некој се грижи и ја почитува нивната сентиментална и нежна природа.

Сакаат кога некој им праќа пораки со забавни мемиња или слатки љубовни пораки, затоа што им укажуваат дека личноста мисли на нив и тоа ги допира.

Чувствуваат пеперутки во стомакот кога некој е тука за да им ги оствари сите соништа и фантазии. Сакаат љубов како на филм, со личност што постојано ќе им дели комплименти и ќе ги шармира.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg