Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак?

kade-kje-ja-zapoznaete-ljubovta-na-svojot-zhivot-spored-horoskopot-03.jpg

Вага 

Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради.

Затоа нека не ве изненадува ако најдат љубов кога ќе тргнат во луда авантура - додека летаат со балон со топол воздух, на параглајдинг или пред да се качат во авион за да скокаат со падобран.

Скорпија

Скорпиите се познати по тоа што имаат различни хобија и бараат љубов меѓу луѓе кои со нив ќе ја делат истата страст.

Затоа Скорпиите се во потрага по партнер дури и кога се во парк за миленици, додека возат велосипед, на некој спортски настани или организирано патување.

Стрелец

И Стрелците се познати по тоа што сакаат возбуда.

Тие својата љубов од соништата ќе ја бараат и на места каде што се одржуваат автомобилски трки, карате или бокс натпревари, или на фудбалски стадиони.

Јарец

Јарците се надеваат дека својата љубов од соништата ќе ја најдат на необично место - изложби на автомобили, во музеј, на археолошки локалитет...

А, ако не успеат да ја најдат својата сродна душа на некоја од овие локации, ќе бараат преку апликации за состанување или меѓу колегите на работа. 

Водолија

Водолиите љубовта на својот живот најверојатно ќе ја најдат на места кои се поврзани со историјата (на локалитети или музеи).

Тие ќе најдат љубов и на места каде што ќе може да дојде до израз нивниот бунтовен карактер и меѓу масата луѓе ќе се издвои некој што ќе сака да ги слуша и гледа со внимание.

Риби

Рибите сакаат тивки места каде што можат да бидат сами со своите мисли.

Но, токму таму и ја наоѓаат личноста што е совршена за нив - во библиотеки, кафулиња, во парк или покрај брег на море/езеро.

 А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Годишен хороскоп за 2025-та: Овен За родените во знакот на Овен, 2025-та ќе биде возбудлива година полна со промен...
Кој ќе остане младолик, а кој ќе остари пребрзо, според хороскопот? Вагите воопшто не размислуваат за стареењето, а брчките не ги плашат. Тие н...
Што ви создава најмногу стрес, според хороскопскиот знак? Девиците не сакаат јавно да покажат што чувствуваат, па фактот што чуваат сè во ...
Финансиски хороскоп за 2024: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблем со парите? Бик - Оваа година ве очекува стабилен финансиски раст. Најповолен период на...
Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg