Како сами се саботирате во животот, според хороскопскиот знак?

kako-sami-se-sabotirate-vo-zhivotot-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага

Премногу сте фер кон другите.

Ова можеби не е така лоша одлика, но треба да бидете свесни дека живееме во свет каде луѓето на прво место го ставаат својот интерес.

Многу луѓе без проблем лажат и ги користат другите.

Колку и да сакаме да веруваме дека сите се добри и може да се соработува со нив, ова сепак не е вистина.

Па, престанете сите да ги третирате фер и поставете граници во односот со другите.

Не им дозволувајте да ве газат и ако забележите дека ве користат, напуштете ги.

Само вака ќе бидете среќни и ќе си ги зголемите шансите за успех во секој аспект од животот.

Скорпија

Премногу сте затворени, па страв ви е да побарате помош.

Во очите на другите, вие сте мистериозна личност која не открива многу за себе.

И, сето ова е во ред, сè додека не се соочите со проблем или дилема кои не можете да ги решите сами.

За другите е невозможно да „ве прочитаат“ бидејќи не покажувате никаква емоција. А, вие самите никогаш нема да откриете што чувствувате.

Поради ова, вие сте својот најголем непријател.

Не можете да ги надминете тешките периоди бидејќи не барате помош, и со тоа си уништувате многу шанси за среќа.

Стрелец

Премногу сте љубопитни и имате преголем авантуристички дух, а поради ова честопати ризикувате.

Иако е добро да преземаме ризици, вие сте во состојба да си го ризикувате и животот за некоја следна авантура.

Ако нешто ви се чини забавно, го пробувате без многу размислување и како да не сте ни свесни за последиците.

Заборавате дека не сте бесмртни и неуништливи.

Очигледно, сето ова може да ви предизвика бројни проблеми во животот, со сите луѓе што ги познавате.

Јарец

Вие сте толку вредна личност, што не знаете да одморите.

Животот ви се состои само од работење и ништо друго.

Толку сте фокусирани на вашите цели и имате толку високи очекувања од себе, што постојано се разочарувате самите.

А, бидејќи никој не е работлив како вас, постојано ве нервираат другите и ги сметате за мрзливи.

Мора да научите да одмарате и да се фокусирате на другите аспекти од животот бидејќи, во спротивно, кога тогаш ќе „прегорите“.

Водолија

Вие ги третирате другите како што сакате тие да ве третираат вам.

И, ова е одлично, но вие одите во екстреми.

Премногу сте добри кон сите, секогаш имате разбирање и простувате дури и кога некој не го заслужува тоа.

Залудно мислите дека ако сте добри кон другите, и тие ќе бидат добри кон вас.

Но, вистина е дека не сите луѓе се такви. Некои луѓе ќе ве повредат и изневерат, без разлика колку добро ги третирате.

Кога ќе забележите дека некој не заслужува да се однесувате добро кон него, не го третирајте како најдобар пријател.

И, ќе бидете многу посреќни.

Риби

Вие сте хаос од емоции.

Премногу сте чувствителни и преинтензивно ја чувствувате секоја емоција.

Ова е во ред, но вие не знаете како да се справите со овие емоции.

Секогаш им дозволувате да ве надвладеат и носите одлуки под нивно влијание.

Никогаш не размислувате трезвено, импулсивни сте и ова ве прави склони кон многу грешки.

А, сите овие грешки ви ги уништуваат шансите за успех и среќа.

Мора да научите да се справувате со емоциите на здрав начин ако сакате да престанете да си ја саботирате среќата.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Како несвесно си го уништувате животот, според вашиот месец на раѓање? Личностите родени во месец септември постојано се споредуваат со другите, а тоа ...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg