Колку имате среќа во животот, според хороскопот?

kolku-imate-srekja-vo-zhivotot-spored-horoskopot-02.jpg

Вага

Вие сте вистински среќник, но среќата никогаш не ја земате здраво за готово.

Сепак, поради вашата вродена среќа, со многу позитивен став гледате и на светот и на животот.

Пробувате да го видите најдоброто во сите, дури и кога не е така.

Од друга страна, свесни сте дека имате повеќе среќа од многу други луѓе, па затоа пробувате да „им се оддолжите“ на помалку среќните и често им помагате.  

Скорпија

Често сте песимистички расположени, па сметате дека немате многу среќа во животот.

Но, вистината е спротивна - помислете колку пати сте посакале нешто, а потоа сте го добиле многу лесно, скоро без никаква мака.

Кај вас, како ѕвездите „да се местат“ за да ви ги исполнуваат желбите.

Стрелец

Вие сте од оние луѓе кои привлекуваат добра среќа, без оглед дали сте дома, на работа, на патување во странство.

Само вам може да ви се случи и неколкупати во месецот да ви понудат бесплатен пијалак, некој да ви го отстапи своето место да седнете, да начекате попуст, или некој да ве пропушти во ред додека чекате на каса - вистинска среќа.

Јарец

Кај вас среќата е фокусирана на парите и финансискиот дел.

Многу често се случува некој да ви даде пари, да добиете покачување на платата, да ви остават наследство, да добиете на игра на среќа.

Сепак, не сакате да зависите само од среќата, па напорно работите за нештата што ги имате.

Водолија

Не сте меѓу хороскопските знаци кои ги следи најмногу среќа во животот, но тоа е во ред, бидејќи вие не сакате работите да ви бидат дадени на тацна, туку да се потрудите и да ги заработите.

Вашата среќа произлегува од вашата упорност, па колку сте потврдоглави, толку полесно доаѓате до посакуваните работи.

Риби

Вие сте многу среќни, но бидејќи не очекувате работите „да ви паднат од небо“, не знаете секогаш да ја препознаете добрата среќа и да го искористите моментот.

Сакате да верувате дека сте направиле нешто добро, дека сте дале сè од себе и дека поради тоа сте наградени.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Хороскопските знаци рангирани според нивната среќа – Близнаците се најголем баксуз Скорпии, дефинитивно ве следи среќа, но единствениот проблем ви е што некогаш не...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg