Вечерва небото ќе биде осветлено од „снежна Месечина“ – Како ќе влијае врз секој хороскопски знак?
Риби - Искористете ја енергијата на снежната Месечина за да се ослободите од старите навики и да се посветите на новите можности што се пред вас.
Ноќта помеѓу 23-ти и 24-ти февруари небото ќе го осветли полна Месечина, позната и како снежна Месечина.
Името „снежна“ го добила од американските Индијанци, затоа што се појавува во февруари, кога имало најмногу снег.
Снежната Месечина симболизира чистина, обнова и потенцијал за нови почетоци, а се смета дека е вистинско време за да се осврнеме на сопствените животи, да размислиме добро за следните чекори и да се ослободиме од сѐ што е старо и непотребно.
Како ќе влијае снежната Месечина врз секој од хороскопските знаци?
Овен
Ќе имате можност да се ослободите од старите лоши навики и да се фокусирате на поздрав и поизбалансиран живот.
Ако го направите ова ќе се чувствувате поисполнети со енергија и поживи.
Бик
Ова е одлично време за да ги подобрите односите со блиските и со пријателите.
Ако сте во врска, ќе успеете да постигнете поголема емотивна поврзаност со партнерот, а ако сте сингл, можно е да сретнете некоја личност во која ќе се вљубите на прв поглед.
Близнаци
Очекувајте повторно будење на креативноста и ќе имате идеи за проектите што долго време сте ги одложувале.
Ќе имате можност да изградите поголема емотивна и духовна поврзаност со блиските.
Рак
Снежната Месечина ќе влијае врз вашиот семеен живот и атмосферата во домот.
Ќе ја поминете вечерта во мирна и пријатна атмосфера, а ова ќе биде одлична можност да ставите крај на некои конфликти и да ги подобрите односите со блиските.
Лав
Снежната Месечина ќе создаде совршени услови за да ја подобрите комуникацијата со другите луѓе. Ќе имате можност јасно и недвосмислено да кажете што чувствувате или што мислите.
Ова е идеален ден за да разговарате отворено за сопствените чувства и да најдете решение за проблемите што ве измачуваат.
Девица
Со оглед на тоа што снежната Месечина ќе биде во знакот на Девица, појавата најмногу ќе се одрази врз здравјето и ќе чувствувате подобрување.
Ова ќе биде одличен ден да се спознаете себеси повеќе и да сфатите што е тоа што ве прави свои и автентични.
Снежната Месечина ќе ви ја врати самодовербата и ќе ви даде енергија да ги остварите сопствените цели.