Што ви го поправа расположението веднаш, според хороскопскиот знак?
Вага
Среќни се кога чувствуваат дека околу нив сѐ е мирно и тивко. Најисполнети се и уживаат во избалансирана и убава средина.
Уживаат кога гледаат дека сите во семејството се согласуваат, кога ги решаваат сите проблеми на мирен начин.
Скорпија
Тие се најисполнети во моментите кога водат длабоки разговори и поминуваат низ големи животни пресвртници.
Иако се мистериозни, ова се мошне емотивни луѓе, кои уживаат кога се обземени од силни чувства.
Секоја промена на емоциите прави да се чувствуваат живо и може веднаш да им нацрта насмевка на лицето.
Стрелец
Сѐ што наликува на нова авантура, може веднаш да ги направи Стрелците среќни.
Без разлика дали станува збор за прошетка во природа или средба со пријателите во некое ново кафуле – штом е ново и неистражено, за Стрелецот е забавно.
Ако сакате веднаш да ги расположите, натерајте ги да заминете на некое патување со првиот автобус што тргнува во моментот, на дестинација каде што не биле претходно.
Јарец
Тие се среќни кога знаат дека се успешни и ценети. Затоа, кога знаат дека ги постигнале сопствените цели и го добиле очекуваното признание, Јарците се чувствуваат како да се на седмо небо.
Некогаш и најмалата пофалба од компетентните личности за нивните трудови, може да им звучи како да добиле Нобелова награда.
Водолија
Најисполнети се кога ги кршат општествените норми и прават нешто добро за човештвото.
Ги исполнува чувството кога знаат дека прават нешто ново, на што досега никој не се сетил.
Дополнително, ако сакате да им го подобрите расположението, најдобро е да ги поканите да волонтираат или да се вклучат во некоја хуманитарна акција.
Риби
Делуваат тивко и повлечено, но тие се непресушен извор на креативност, имагинација и сочувство.
Најсреќни се кога се занимаваат уметност и кога можат да ја покажат својата емпатија.
За да ги направите среќни, потребно е да им дадете можност да си ги изразат чувствата преку уметност и поезија.
Б. С. Б. | Црнобело