Како да се справите со токсичните луѓе, според нивниот хороскопски знак?

Често ни се случува во животот да се сретнеме со токсични луѓе, кои може да нѐ претворат во најлошата верзија од себеси заради стресот што ни го наметнуваат.

kako-da-se-spravite-so-toksichnite-lugje-spored-nivniot-horoskopski-znak-01_copy.jpg

Според астролозите, ако добро ги познавате карактеристиките на секој хороскопски знак, полесно можете да ги детектирате и нивните токсични особини.

Во продолжение прочитајте како да се справите со токсичните луѓе, врз основа на нивниот хороскопски знак:

Овен – Бегајте колку можете подалеку

Кога Овенот е лут, сите околу него ќе знаат за тоа. Тие зрачат со негативна енергија на километар, но проблемот е во тоа што поседуваат магнетна привлечност, па луѓето веднаш трчаат за да им помогнат.

Ако забележите дека Овенот во ваша близина ви шири токсична и негативна енергија, се истура врз вас за работи за коишто не сте виновни, не се обидувајте да му помогнете, туку бегајте што е можно подалеку.

Бик – Критикувајте ги за нивните грешки

Биковите се горди за тоа што секогаш се во право и секогаш знаат да го донесат вистинското решение, па својата токсична енергија ја шират така што ќе го критикуваат секој ваш чекор и ќе ви даваат навредливи и груби коментари.

Можете да се обидете отворено да разговарате за тоа како се чувствувате, но најчесто воопшто нема да обрнат внимание на вашите зборови.

Најдобар начин да им се спротивставите е да им покажете на дело како изгледа третманот што го добивате од нив. Почнете да ги критикувате за да видат како е кога некој има забелешки за сѐ што прават во животот. Немате што да загубите.

Близнаци – Менувајте го однесувањето според нивното расположение

Најголемиот проблем на Близнаците е во тоа што тие имаат најмалку две личности во себе, па не знаете со која од нив си имате работа.

Таман ќе помислите дека не можете веќе да ги поднесете нивните неподносливи критики и високи критериуми (што не важат и за нив самите), пред вас имате шармантна личност подготвена да ве освои со добра доза хумор и забава.

Но, тоа што го правите кога се расположени, ќе ви се врати како бумеранг во деновите кога си имате работа со „лошиот“ близнак.

Затоа најдобро е да прифатите дека си имате работа со две различни личности и во деновите кога ќе се појави некултурниот и лош близнак, најдобро е да бидете на дистанца, а да бидете љубезни и културни со нивната втора половина, но не откривајте премногу за себе, на ниту една од двете нивни верзии.

Рак – Охрабрете ги да бидат посамосотојни

Кога Ракот е токсичен тој станува зависен од вашето внимание и ниту еден друг знак во Зодијакот (освен можеби Рибите), не може да изгледа толку очајно.

Секако Раковите обожаваат да бидат третирани како бебиња и сите да им одат по волја, но лошата страна им е тоа што, ако тргнете да им ги исполнувате желбите, тие знаат да станат уште повеќе жедни за внимание.

Најдобро решение е да им дадете до знаење дека сте тука за нив, но охрабрете ги сами да преземат одговорност за сопствените постапки и за себеси.

Тие треба да сфатат дека постои разлика од тоа некому да се биде пријател и да се биде постојана потпора.

Лав – Бидете трпеливи за да ги смирите и скротете ги со љубов

Ниту еден хороскопски знак не може да се спореди во поглед на големината на егото со Лавот. Кога се токсични, тие се самобендисани и имате чувство дека ништо што правите не е доволно добро за нив.

Затоа, ако сакате да се справите со токсичен Лав, најдобро е да имате помек пристап.

Само со комплименти и пофалби можете да го смирите разјарениот ѕвер, а критиките зачувајте ги за периодот кога ќе биде смирен.

Друга опција ви е само да си премолчите и да си заминете – воопшто не вреди да се обидувате да менувате некоја личност што не сака да се промени.

Девица – Игнорирајте ги и сменете ја темата

Кога Девицата е токсична, таа знае сѐ. Во тие мигови ќе ги искористи сите ваши слабости и ќе ви ги плесне во лице, па ќе имате чувство дека сакате да експлодирате.

Или работите ќе бидат по нивно, или никако, а кога ќе забележите дека се упорни и решени нешто да остварат, најдобро е да им се тргнете од патот, затоа што не бираат средства и начин за да си ги остварат целите.

Ако немате каде да бегате и сте заглавени со некоја токсична Девица, ќе мора да научите како ефикасно да ѝ го вртите вниманието на други работи, да ги менувате темите и да ја пренасочувате на други позабавни теми, кои не го будат гневот во неа.

Уште 6 знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Една работа со која секој хороскопски знак ги нервира луѓето околу себе Рибите се најчувствителни од сите хороскопски знаци. Па, ако кажете нешто што не...
Една работа што секој хороскопски знак мора да ја слушне пред да заврши 2024-та Водолии - Вратете се во живот, светот ве повикува и им недостасувате на сите. Не...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...
Како да го задржите интересот на партнерот во врската, според хороскопот? Овен – Сакаат да бидат со некој што ќе ги предизвикува, ќе им биде партнер во ав...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg