Со кои особини го нервирате партнерот, според хороскопскиот знак?
Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и мислат дека никогаш не грешат, а Девиците се прибирливи и непријатно мистериозни. Која особина може да го нервира вашиот партнер, според астрологијата?
Сите ние одвреме-навреме ги нервираме нашите партнери. Ова е нормално токму поради фактот што никој не е совршен и не секому одговараат нашите особини, мисли, постапки… Секако дека не можете (а и не треба) да го криете своето вистинско јас од вашиот партнер.
Но, ако сте свесни за вашите карактеристики, тоа може да ви помогне да имате одлична врска и поквалитетен брак. Во овој домен, астрологијата открива одредени особини кои ги поседува секој хороскопски знак, а кои го нервираат партнерот.
Дали и колку ќе се согласите со предвидувањето на ѕвездите, откријте во продолжение:
Овен – нетрпеливи, не сакаат да губат
Овните секогаш се движат со голема брзина. Со други зборови, не го тестирајте нивното трпение. Нема предолго шетање кога пазарувате заедно - тие едноставно влегуваат, завршуваат работа и излегуваат.
Овенот не може да трпи и кога губи. Заедничкото постигнување на одредена цел секогаш е опција за Овните, но не обидувајте се да ги преминете во нешто, зашто тие ќе се потрудат да ви покажат кој е на крај вистинскиот победник.
Бик – не сакаат промени и менување на рутината
Бикот има своја рутина. Ако вечерата е закажана за во 18 часот, тогаш погрижете се да бидете навреме. Непочитувањето на рутината на Биковите значи дека ќе им го уништите целиот ден.
Ако го налутите Бикот со тоа што ќе се појавите доцна, тие сигурно ќе ви кажат.
Близнаци – обожаваат озборување, компулсивни лажговци
Кога не разговараат со луѓето, Близнаците зборуваат сами со себе. Но, тие понекогаш лажат, а тоа го прават многу вешто.
Понекогаш, всушност, тие и чувствуваат потреба да лажат, а друг пат само сакаат да видат дали ќе можат да се извлечат од одредена ситуација и да избегнат вина или казна.
Рак – откажуваат во последен момент, го паметат лошото
Пријателите организираат забава и ги чекаат, но… Раковите веќе се во пижами. Со личностите родени во овој хороскопски знак, никогаш не знаете што ќе добиете.
Тие имаат „скриено место“ каде што го чуваат секој лош спомен и ќе ви го кажат во одреден момент.
Лав – сакаат да бидат во центарот на вниманието, мислат дека никогаш не грешат
Ако ги поканите родителите на вечера, големи се шансите вашиот партнер Лав да го игнорира фактот дека тие се ваши родители.
Не може да не се согласувате со нив, а со нивните муабети и фалење, секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието.
Во очите на Лавот – тие никогаш не грешат. Помислата дека некој не се согласува со нив едноставно им е неприфатлива.
Девица – пребирливи, непријатно мистериозни
Девиците може да ве натераат да го преуредите распоредот на цел ѕид со слики, бидејќи растојанието е нерамномерно…
Тие се ориентирани кон детали, а понекогаш се многу воздржани, при што треба многупати да поставите едно прашање, пред тие да ви го дадат одговорот.