Со кои особини го нервирате партнерот, според хороскопскиот знак?
Вага – мразат спротивставувања, сакаат манипулирање
Вагите апсолутно мразат некој да им се спротивстави. Во миговите кога Вагите ќе почнат да се расправаат со партнерот, владее нивната манипулација која е толку добра, при што нема да сфатите што ви се случило.
Но, секогаш знаат да ве шармираат. Може да ве налутат стопати, но на крајот секогаш победуваат.
Скорпија – емоционално безмилосни
Никој не може да ви влезе во умот како што умее Скорпијата. Таа знае што мислите во секоја секунда од денот и ќе ве потсетува одново и одново, само за да ве „намами“ во нешто незгодно и да ве фати во лага. Така се чувствува дека има контрола.
Но, внимавајте. Ако една Скорпија успее да ве фати во лага, тогаш нивниот гнев е она од што треба да се плашите. Тие ќе ве исклучат и со нивната рамнодушност ќе направат целосно да се чувствувате безнадежно.
Стрелец – сакаат да бидат насекаде и се плашат да не пропушти нешто
Стрелците обожаваат забава и секогаш сакаат да бидат насекаде, освен онаму каде што се во моментот. Со други зборови, тие треба да го искусат животот во својот максимум.
Јарец – старомодни, опседнати со работа
Нема ништо лошо во тоа да се биде старомоден, но Јарците ги сфаќаат работите премногу сериозно.
Што се однесува до нивната кариера, тие постојано зборуваат за работата и се фалат дека треба да бидат унапредени.
Водолија – тешки за комуникација, расположени за политички дебати
Водолијата е речиси рамнодушна кон самиот живот, а ниту еден трик нема да ви помогне да ги разберете овие личности.
Но, има една тема на дискусија која секогаш им одговара: тие стануваат страсни и расположени за политички дебати во најлошо време. Семејни собири, слави, родендени … Водолиите водат големи политички дебати со некој од гостите.
Риби – фантазери, двосмислени
Рибите ја мразат реалноста и повеќе би сакале да се изгубат во нивните мисли, отколку да ги слушаат другите. Менувањето на приказната и мешањето на реалноста и фантазијата е омилениот начин на комуникација на Рибите.
Па, која е вистинската приказна? Што навистина се случило? Од Рибите, тоа никогаш нема да го дознаете.
М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com