Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кој метод на штедење ќе биде најефикасен за вас во 2024-та, според хороскопскиот знак?

Девиците ќе заштедат така што ќе научат нови вештини, а Скорпиите треба да се држат до строго финансиско правило. Кој метод на штедење ќе биде најефикасен за вашиот хороскопски знак во 2024-та?

koj-metod-na-shtedenje-kje-bide-najefikasen-za-vas-vo-2024-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Сите знаат дека за да се избегнат проблемите со пари, неопходно е да се штеди. Факт е дека не ни е лесно кога треба да си скратиме одредени задоволства и луксузи, но тоа го правиме за наше добро.

Астролозите увиделе дека годинава за секој хороскопски знак по еден метод за штедење може да биде најдобар, со цел 2024-та да ја завршите со некој денар настрана, наместо да се чувствувате тажни и депримирани затоа што паричникот ви е празен, а не знаете ниту како да сврзете крај со крај.

Кој метод на штедење треба да го примените вие според хороскопскиот знак?

Овен – Правило на 30 дена

Познато е дека трпеливоста не ви е силна страна и дека честопати парите ги трошите импулсивно.

Ако нешто посакате да купите, запишете го на ливче и ставете го во некоја фиока. Дајте си шанса да размислите 30 дена.

Ако по овој период сфатите дека немате потреба од тоа, и не го купите, автоматски сте заштедиле пари, без многу напор. Сѐ што треба е да ги контролирате сопствените импулси за трошење.

Бик – Поминете по еден ден во неделата без да трошите пари

Познати сте по тоа што трошите пари за да си го направите животот удобен и за да уживате. Без разлика дали се работи за храна, пијалак или ситници за домот, вие секој ден имате причина за што да трошите пари.

Поставете си правило дека еден ден во неделата ќе го поминете без да трошите пари, па ќе бидете изненадени колку пари можете да заштедите на ситници.

Близнаци – Заштедата чувајте ја на посебна сметка

Со цел да избегнете импулсивни „позајмици“ од заштедата, најдобро е овие пари да ги чувате на посебна сметка, а по можност и да ги орочите.

Само така ќе успеете да заштедите некој денар и да се спасите од импулсивно и непромислено трошење.

Рак – Нарачувајте производи онлајн

Познати сте по тоа што може да ви се случи да одите и на 100 различни места за да ги купите производите што ви се потребни, без да размислувате колку пари сте потрошиле по пат и колку време сте загубиле.

Вие ќе успеете да заштедите многу доколку се научите да ја користите услугата за достава на големиот број продавници.

Лав - Поставете си месечен буџет

Можеби ви изгледа премногу детинесто, но ова ќе ви помогне да си поставите граници и да не претерувате со трошењето.

Со тек на време ќе сфатите дека не мора да купите сѐ што ви се допаѓа во моментот.

Девица – Научете нови вештини

Вашата креативност нема граници, а карактеристично е за вас што лесно учите нови вештини.

Најмногу пари ќе заштедите така што ќе се посветите на изучување нови вештини, наместо да ангажирате професионалци за сите услуги што ви се потребни.

Според вас, неколку видеа на Јутјуб се сосема доволни за да научите како сами да правите конфекциски поправки или дури и да реновирате во домот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Една лага која треба да престанете да си ја кажувате, според хороскопскиот знак Водолија: „Премногу сум различен/а за да се вклопам каде било“. Водолија: „Пр...
Кое небесно тело владее со вашиот хороскопски знак и какви тајни открива за вас? Близнаци, вашиот владетел е Меркур – планетата на комуникацијата, интелектот и р...
Финансиски хороскоп за јануари 2025-та - Кои знаци ќе имаат загуба, а кои ќе се збогатат овој месец? Вага - Ако имате свој бизнис, ова ќе биде тежок месец за вас на финансиски ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg