Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате за брак

Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да реагира партнерот, а ако сте во паралелна врска, бидете многу внимателни, бидејќи некој многу лесно може да ве разоткрие.

ljuboven-horoskop-za-dekemvri-2023-lavovi-tajnata-vrska-e-osudena-na-propast-vagi-razmisluvate-za-brak-01_copy.jpg

Што ви носи ноември на љубовен план? Кој може конечно да здивне, а кој ќе попушти пред упорните додворувања на личноста што долго време е опседната со него?

Дали постои можност да почнете нова романтична врска и ако сте во брак, дали ќе западнете во искушение да започнете афера?

Љубовен хороскоп за декември 2023:

Овен

Ако сте во врска

На моменти, во првата половина на месецот ќе имате чувство дека губите контрола над некои случувања во емотивниот живот, но тоа не е така во реалноста. Партнерот ќе го исполни ветувањето што ви го дал, потребно е да имате само малку трпение. Имајте разбирање и бидете покрај него.

Ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да реагира партнерот. Ако сте, пак, во паралелна врска, бидете многу внимателни, бидејќи многу лесно може да ве разоткријат.

Ако сте слободни

Некои слободни Овни месецов ќе имаат средба со некој со кого биле во љубовна врска во минатото. Ако решите да си дадете нова шанса, бидете внимателни, иако, сега сте и двајцата позрели, имате повеќе искуство, па најверојатно и поинаку ќе се поставите во врската.

Доколку некој ви се допаѓа, направете го првиот чекор без страв дали ќе ве одбијат или не.

Бик

Ако сте во врска

Не можете да поставите линија меѓу приватниот и професионалниот живот, па затоа многу често ќе влегувате во судир со партнерот. А, тоа може да ја разниша вашата врска, која и онака е на нестабилни нозе веќе некое време.

Ќе се обидете да воспоставите рамнотежа, но нема да имате успех во тоа. Сепак, и да ја прекинете врската, нема да страдате премногу, бидејќи ве очекува нова љубовна авантура.

Ако сте слободни

Доколку не сте во врска, можете да очекувате повик или порака од некој роден во знакот на Рак, Скорпија или друг Бик. Ова ќе ви го подобри расположението и ќе влијае добро на вашето его.

Но, сепак ќе се двоумите, бидејќи не сте сигурни дека личноста што ве контактирала е добра за вас. Но, малку забава не е на одмет, особено пред празниците.

Близнаци

Ако сте во врска

Ќе уживате во благодатите на љубовта во текот на целиот месец. Ако бевте гневни на партнерот откако имавте голема караница, најверојатно ќе се смирите.

Но, потребен ви е искрен разговор за да си кажете еден на друг сè што мислите и да избегнете расправии на истата тема и во иднина.

Ако сте слободни

Ако сè уште не сте нашле сродна душа, среќата ќе ви се насмевне овој декември. И ако се случи тоа, ќе имате чувство дека поради љубовта ќе успеете да ги срушите сите бариери.

Но, имајте на ум дека сè што е убаво не трае долго, па затоа треба да внимавате со кого влегувате во врска. Некои Близнаци ќе бидат оптоварени и од своето љубовно минато.

Рак

Ако сте во врска

Секој ваш разговор со партнерот може да се претвори во расправија или спротивставено мислење. Ќе ви биде тешко да го контролирате своето однесување.

Но, внимавајте да не ја расипете врската поради вашата импулсивност, а подоцна да се каете, бидејќи нема да можете да ги поправите работите.

Ако сте слободни

Време е да го средите љубовниот живот. Ви се отвораат нови врати и можности, но не донесувајте веднаш одлука дали ќе се впуштите во врска со некој или не.

Отидете на неколку љубовни состаноци и видете дали ви се допаѓа и имате ли нешто заедничко, или потенцијалната врска е од старт осудена на пропаст. Избегнувајте флерт со некој за кого знаете дека е во врска.

Лав

Ако сте во врска

Ова е приод во кој Лавовите ќе талкаат и ќе си го бараат своето место во животот на партнерот. Ако сте во тајна врска, бидете сигурни дека таа е осудена на пропаст.

На почетокот на месецот ќе чувствувате оптимизам дека работите одат како што треба, но како што одминуваат деновите, ќе сфатите дека ништо не е така како што мислевте.

Некои Лавови во брак ќе бидат лути бидејќи во бракот ќе им се мешаат родителите на партнерот.

Ако сте слободни

Некои сингл Лавови на почетокот на месецот може да запознаат нова личност, особено ако одат на патување, или некој со кого ги поврзува работата.

Вие средбата ќе ја доживеете како судбинска, но пред да преземете што било, бидете сигурни дека и другата личност е слободна и дека и вие ја привлекувате. Некои Лавови ги очекува нова голема љубов.

Девица

Ако сте во врска

Во еден момент ќе помислите дека во вашиот живот се враќа љубовна драма, но ќе сфатите дека тоа е само промена низ која поминувате со партнерот и дека нештата за кратко време ќе си дојдат на место.

Не се форсирајте да правите работи што не ги сакате или да му ги исполнувате сите желби на партнерот. Понекогаш треба да сте и себични и да мислите на себе, без оглед на тоа колку го сакате.

Ако сте слободни

Постои личност која сметате дека ви е недостижна, но месецов постои можност да го привлечете нејзиното внимание и да сфатите дека работите не се онакви какви што ви делувале оддалеку.

Сепак, не правете премногу компромиси и не глумете дека сте нешто што не сте само за да ја задржите покрај себе.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Хороскопски знаци на кои им треба време и многу лоши искуства за да сфатат каков партнер им треба Риби - Сакате да ја почувствувате искрата на љубовта, па иако ве боли да ги отфр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg