Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате за брак
Вага
Ако сте во врска
Јасно ви е дека постојат големи разлики меѓу вас и партнерот. Затоа треба да решите дали ќе го прифатите тоа и ќе живеете со сите ваши несогласувања, или ќе си дадете уште една последна шанса, па ако работите не одат – ќе ја прекинете врската.
Вагите кои се долго време во врска, можеби треба да почнат да размислуваат за брак и за основање семејство.
Ако сте слободни
Слободните Ваги месецов ќе запознаат личност која ќе им се допадне уште веднаш, но постои голема веројатност таа личност да не е сингл, па тоа ќе ги разочара.
Сепак, астролозите велат дека треба да се борите за вниманието и љубовта на таа личност, бидејќи судбината со причина ја довела на вашиот пат.
Скорпија
Ако сте во врска
Ова е месец создаден за љубов и романтика. Ако сте во врска, уште на почетокот на месецот ќе слушнете добри вести, па со партнерот ќе почнете да правите планови за иднината.
Иако не сте сигурни како ќе го решите станбеното прашање, одлучни сте да ја однесете врската едно скалило погоре. Ако сте во брак, пак, можни се проблеми поради љубомората на партнерот.
Ако сте слободни
Кон крајот на декември ве очекува убав љубовен период. Ви претстои незаборавна романса, а вие ќе се потрудите најдобро што можете да ја освоите личноста што ви се допаѓа. Дури и по цена да е во врска и да пробате да ја преземете од некој друг.
Нема да ви е проблем дури ни да манипулирате за да го добиете тоа што го сакате. Сепак, поставете си граница до која ќе смеете да одите.
Стрелец
Ако сте во врска
Ако сте во брак, љубовната хармонија ќе ви ја расипуваат финансиските проблеми, но свесни сте дека мора да ги решите. А, бидејќи проблемите со парите постојат од двете страни, во еден момент може да се појави и непријателство и бројни караници.
Ако сте во врска, ве очекува месец исполнет со страст и љубовни моменти со партнерот.
Ако сте слободни
Стрелците кои се сингл во декември ќе имаат можност да ја сретнат својата сродна душа, а тоа најверојатно ќе се случи на место каде што најмалку очекувале.
Сепак, не избрзувајте, туку оставете работите меѓу вас да се одвиваат постепено, чекор по чекор и да уживате во тоа што ви го носи секој следен ден.
Јарец
Ако сте во врска
Ако сте во врска, заборавете на сè друго во животот и препуштете се на љубовниот занес. Но, ова не е толку поволен месец на љубовен план за оние кои се во брак. Ве очекуваат чести караници поради пари или децата.
Внимавајте што му кажувате на партнерот во лутина. И, уште поважно, немојте да барате начини да му се одмаздите доколку ве повреди на некој начин.
Ако сте слободни
Во декември можете да очекувате интересна средба со некој од вашето деловно окружување, и тоа познанство ќе остави силен впечаток на вас.
Долго време нема да можете да заборавите на таа личност, но најверојатно нема да се случи ништо поконкретно од само таа една средба или ќе имате само кратка афера која нема иднина.
Водолија
Ако сте во врска
Се наоѓате на емотивна крстосница. Ве преокупираат парите и работата, па тоа е причина за бројните несогласувања со партнерот.
Иако некогаш знаете да ги занемарите проблемите, тие се собираат и до пред крајот на декември ќе доживеат кулминација.
Ако сте во брак, ќе се изненадите од новата страст што ќе ја покаже партнерот.
Ако сте слободни
Имате потреба да освоите некого или да ве освојат вас и да ви ги разбудат чувствата. Сепак, овие моменти не се безопасни, особено ако мислите ви ги преокупира некој што е во врска или брак.
Некои Водолии може да имаат средба со некој од минатото, и токму на таа средба ќе решат дали сакаат да му дадат уште една шанса или да стават крај засекогаш.
Риби
Ако сте во врска
Се наоѓате во фаза кога се преиспитувате себеси и своите емоции и не можете да најдете одговори на некои прашања. Периодот на несигурност ќе потрае, иако, верувате дека ја имате целата поддршка од партнерот.
Ако сте во брак, ќе поминете пријатни моменти дома, со најблиските.
Ако сте слободни
Знаете дека сакате да почнете нова врска, но сепак не сте сигурни дека тоа е добра идеја, поради стравот дека ќе ве повредат.
Бидете отворени за сè што ви носат деновите пред вас, особено на крајот на декември, кога ќе запознаете некој нов и ќе имате можност за флертување.
Не ја исклучувајте можноста новата 2024 година да ја дочекате во пар.
А. Ј. | Црнобело