3 хороскопски знаци кои ги мразат утрата (и најчесто „стануваат на лева нога“)
Иако се сериозни и амбициозни, Јарците се мрзоволни наутро. Сакаат да имаат контрола врз сè, па доволна е само една негативна мисла наутро за да им го расипе расположението и да ги убеди дека во текот на денот, ништо нема да им оди по план.
Некои луѓе се утрински личности и неретко не им е потребен ни аларм за да се разбудат.
Од друга страна, постојат и оние кои вистински ги мразат утрата и се чини дека секогаш „стануваат на лева нога“.
Кои хороскопски знаци спаѓаат во втората категорија?
Овен
Овните се познати по нивната импулсивност, но наутро се мошне мрзоволни.
Со нив владее планетата Марс која се поврзува со моќна енергија и агресија, па Овните ги имаат овие карактеристики, а некогаш се и нестрпливи.
Бидејќи ги мразат утрата, кога ќе се разбудат некако се убедуваат дека денот ќе им биде лош, па страда и нивното расположение.
Доста често тие се фрустрирани и гневни наутро.
Скорпија
Скорпиите се мистериозни и таинствени. Нивните емоции се длабоки, а се чини дека се најизразени наутро – периодот од денот што го мразат најмногу.
Поради ова, секое утро ги мачи по барем едно нешто.
Тие неретко ги потиснуваат проблемите и емоциите, па наутро, кога се сами со своите мисли, ова вистински ги притиска.
Јарец
Иако се сериозни и амбициозни, Јарците се мрзоволни наутро.
Тие ја ценат дисциплината и сакаат да имаат контрола врз сè. Па, ако наутро имаат само една лоша мисла, што се случува често, почнуваат да мислат дека во текот на денот ништо нема да им оди по план.
Имаат превисоки очекувања од себе и од другите и сметаат дека треба да се продуктивни од мигот кога ќе станат од креветот.
Но, ова е практично невозоможно, што дополнително ги разгневува.
Спирова С. | Црнобело