Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас?
Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со цврст карактер и мудрост која другите многу ја почитуваат. Обично заземаат позиција на лидер, но без разлика колку се моќни, никогаш не газат врз другите.
За разлика од хороскопот кој е популарен кај нас, хороскопот на Маите има 13 знаци.
Знаците се одредуваат според датумот на раѓање и Маите верувале дека кажува многу за карактерот на една личност, но и за судбината што ѝ претстои.
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите?
Алигатор (13 декември – 9 јануари)
Секогаш позитивни, ова се луѓе кои брзо се адаптираат, но и кои лесно се поврзуваат со другите.
Не сакаат да бидат под притисок или да слушаат наредби од другите. Многу повеќе им одговара кога имаат време за размислување пред да направат нешто.
Поради ова, тие се одлични истражувачи и работници кои обрнуваат внимание на најситниот детаљ.
Некогаш се срамежливи, а од блиските луѓе сакаат да бидат почитувани.
Мајмун (10 јануари – 6 февруари)
Ова се луѓе со одлична смисла за хумор кои се во допир со нивното внатрешно дете.
Живеат во сегашноста и скоро секогаш се добро расположени.
Важно им е да имаат голема група пријатели кои вистински ги ценат.
Одлични организатори се и им годат активности кои вклучуваат комуницирање со други луѓе.
Сокол (7 февруари – 6 март)
Духовни луѓе со цврст карактер, но и мудрост која другите многу ја почитуваат.
Обично заземаат позиции на лидер и поради нивниот авторитет, другите без проблем ги следат.
Но, без разлика колкава моќ имаат, никогаш не ги прегазуваат другите.
Искрени се во врска со нивните чувства и секогаш се мошне добри партнери, но и родители.
Јагуар (7 март – 3 април)
Ова се луѓе кои го живеат животот со полни гради, а поради ова неретко се изложуваат на ризици.
Секогаш бараат некој нов предизвик и храбро се соочуваат со проблемите.
Имаат цврст карактер и ја уживаат почитта од другите, а ова ги прави родени лидери.
Бидејќи секогаш се полни енергија, потребна им е физичка активност за да се ослободат од неа.
Лисица (4 април – 1 мај)
Вредни и одговорни, ова се луѓе кои секогаш бараат стабилност и комфор.
Многу се приврзани за семејството и пријателите и сакаат да можат да се потпираат на нив.
Истовремено, сакаат да им помагаат на другите и го прават тоа безусловно, секогаш кога имаат можност.
Како партнери се лојални, а некогаш и темпераментни.
Змија (2 мај – 29 мај)
Интелигенти и љубопитни луѓе кои постојано учат и бараат предизвици.
Сакаат да бидат почитувани и обожавани од другите, а лесно го добиваат ова поради нивниот шарм.
Важно им е да имаат барем една личност во животот на која можат целосно да ѝ веруваат, без разлика дали пријател, партнер или член на семејството.