4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска

Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите своето „јас“ во врските. Се претворате во друга личност бидејќи мислите дека ако го покажете вистинското лице, партнерот нема да ве сака.

4-horoskopski-znaci-koi-go-gubat-svoeto-jas-koga-se-vo-vrska-01.jpg

Кога сте во врска, нормално дека ќе сакате да му удоволите на партнерот и да го направите среќен.

Но, ова не значи дека треба да се изгубите себеси.

Четири хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска:

Рак

Вие го губите своето „јас“ во врските бидејќи премногу се обидувате да му удоволите на партнерот.

Премногу сте зафатени со тоа да му ја исполните секоја желба, што заборавате дури и да помислите што всушност ви треба вам.

И, мора да го промените ова.

Добро е што се грижите за партнерот, но не треба целиот живот да ви биде посветен на тоа. Без разлика колку ви се важни неговите чувства, не смеете да ги занемарите вашите.

Ова важи и за донесувањето одлуки – не треба партнерот секогаш да го има последниот збор, важно е и вие да го споделите вашето мислење.

Вага

Кога сте со личност која вистински ја сакате, возбудата што ја чувствувате е огромна.

Иако ова е добро, понекогаш токму поради тоа се случува да го изгубите вашето „јас“.

Среќни сте што конечно сте нашле личност која е добра за вас и не сакате да ризикувате дека ќе ја оттурнете од себе.

Не сакате да ризикувате да создадете конфликт. Па, се согласувате со што било и си кажувате дека сте среќни што не сте сингл.

Но, во здравата врска, партнерот не треба да очекува секогаш да биде по негово.

Не треба вие да бидете како негова копија без свои ставови и желби.

Добриот партнер нема да ви замери ако кажете што не ви се допаѓа. Напротив ќе даде сè од себе за да најдете решение.

4-horoskopski-znaci-koi-go-gubat-svoeto-jas-koga-se-vo-vrska-02.jpg

Стрелец

Вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите своето „јас“ во врските.

Тешко ви е да поверувате дека заслужувате љубов и партнер кој вистински ве сака.

Загрижени сте дека ако го покажете вашето вистинско лице, партнерот ќе престане да ве сака.

Па, се претворате во личност која мислите дека ќе му се допадне. Целосно се менувате, само за да го импресионирате.

Но, не заборавајте дека ако сте со личност која вистински ве сака, воопшто не треба да глумите пред неа.

Дури и ако вам ви е тешко да го видите доброто кај себе, партнерот кој ве сака сигурно го гледа.

Риби

Кога сте во врска, очајно се обидувате да го усреќите партнерот. И, поради ова постепено го губите своето „јас“.

Сакате да бидете најдобриот партнер на светот и да покажете дека се грижите за таа личност повеќе од кој било.

Но, поради ова заборавате да се грижите за себе.

Среќата на партнерот ви е поважна од вашата, па донесувате одлуки според тоа што ќе сака партнерот. Не се ни прашувате што всушност сакате вие.

Не заборавајте дека партнерот кој вистински ве сака нема да очекува да правите жртви за него и да се откажувате од работите што ги сакате најмногу.

Нормално, во секоја врска треба да се прават компромиси, но партнерот не треба да очекува потполно да заборавите на себе.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg