Љубовен хороскоп за ноември 2023: Близнаци – ќе ве освои некој странец, Девици – бившата љубов ќе ви ги „помати“ плановите

ljuboven-horoskop-za-noemvri-2023-bliznaci-kje-ve-osvoi-nekoj-stranec-devici-bivshata-ljubov-kje-vi-gi-pomati-planovite-02.jpg

Вага

Ако сте во врска

Овој месец ќе реагирате импулсивно ако сте во врска со некој Лав или Овен и ако сметате дека партнерот не ги исполнува вашите очекувања. Ќе бидете во дилема како да му пристапите на партнерот за да го поправите односот и како да го натерате почесто да излегувате и да се дружите.

Ако сте слободни

Овој месец ќе се посветите на ублажување на последиците што произлегле од некои избрзани чекори и одлуки што сте ги направиле во минатото. Средбите со некој Лав, Јарец или Водолија може да бидат судбински и да не им одолеете.

Скорпија

Ако сте во врска

Ќе имате потреба за поголема независност и приватност, што воопшто нема да му се допадне на партнерот кој што може да има изливи на љубомора. Особено нема да му се допадне тоа што во текот на овој месец ќе зрачите со шарм и сексапил и лесно ќе го освојувате вниманието на припадниците од спротивниот пол, кои нема премногу да се грижат за тоа дали сте во сериозна и посветена врска или не.

Ако сте слободни

На некои собири, поврзани со уметноста или семинар може да запознаете некоја личност што брзо ќе ви го освои вниманието. Исто така, многу е веројатно да го привлечете вниманието на некоја личност што е популарна или ужива висок статус во општеството.

Некои претставници на знакот, пак, месецов можно е да попуштат и да го прифатат агресивното додворување на некоја личност на која долго време ѝ биле неостварена опсесија.

Стрелец

Ако сте во врска

По неколку месеци криза имате чувство дека ѕвездите конечно ви се насмевнуваат. Врската станува потемпераментна и повеќе страсна.

Сепак, бидете внимателни со бесрамните додворувања од страна на личностите што подолго време се опседнати со вас и на коишто не им е грижа дека сте во сериозна и посветена врска и не дозволувајте да ви ги нарушат тешко заслужениот мир и хармонија.

Ако сте слободни

Ви се допаѓаат личности што се во одредена доза таинствени и амбициозни, па можно е вниманието да ви го украде некоја личност која има уметнички афинитети и која сака времето да го поминува на забави и меѓу луѓе.

Сепак, бидете особено внимателни да не влезете во некоја врска што е премногу комплицирана и во која ќе треба да бидете личен психотерапевт.

Јарец

Ако сте во врска

Обидете се да не го наметнувате сопствениот авторитет во врската за да избегнете непотребни конфликти и да успеете да најдете заеднички јазик со партнерот.

Искористете го сопствениот шарм и немојте да се срамите да ги покажете сопствените емоции, а крајот на месецот ќе биде одличен период за да се извините ако нешто сте згрешиле и да испланирате некое заедничко патување.

Ако сте слободни

Љубезноста и шармот ви отвораат врати, па можно е конечно да успеете да го освоите вниманието на некоја личност што долго време ви се лизгала низ раце и ви бегала.

Добро би било да се сконцентрирате на тоа да изградите добар однос и да не ѝ враќате во иста мера за сѐ што ви приредила во изминатиот период кога не знаела дека вие сте заинтересирани за неа.

Водолија

Ако сте во врска

Ви се чини дека конечно работите тргнуваат на подобро, но вистината е дека вие сте станале многу покротки и поприспособливи на промените, па затоа не реагирате толку бурно на промените што партнерот ви ги наметнува.

Ќе сфатите дека наместо да се трудите со партнерот да ги наметнувате сопствените потреби, некогаш е добро да се научите да разговарате и да се потрудите да постигнете компромис.

Ако сте слободни

Може да сретнете некоја друга Водолија на некое патување или на некој собир што брзо ќе ве освои и првично ќе ви се допадне идејата дека всушност сте премногу слични во уникатните идеи.

Комуникацијата онлајн и запознавањето нови луѓе може да ве поврзат со некоја личност што живее во странство, а разговорите со неа ќе ви донесат нова доза возбуда на љубовен план.

Риби

Ако сте во врска

Чувството на несигурност ве тера да се повлечете во себеси и можно е да одлучите повеќе време да поминувате сами отколку со личноста со која сте во врска.

Обидете се да не се нервирате ако партнерот е преокупиран со прашањата поврзани со финансиите и кариерата. Потрудете се да му дадете поддршка и ако можете испланирајте некое патување за да се одморите.

Ако сте слободни

Конечно ќе треба да ѝ дадете одговор на личноста за која знаете дека долго време потајно е вљубена во вас и само ја чека вистинската пригода за да ве освои.

Свесни сте дека таа личност одамна ја покажала сопствената лојалност и дека е подготвена да направи сѐ за вие да бидете среќни. Други претставници, пак, може да одлучат да се впуштат во афера со некој спортист или со некој колега/колешка што долго време им се додворува.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg