Какви (позитивни) промени ќе предизвика соларната еклипса на 14-ти октомври за секој хороскопски знак?
Бикови, за вас почнува период на нови почетоци. Можно е ново работно место, остварување на некоја важна цел или само промена во секојдневната рутина која ќе ви го подобри животот.
На 14-ти октомври ќе има затемнување на Сонцето, односно соларна еклипса.
Затемнувањето на Сонцето овојпат нема да биде видливо кај нас, туку само во делови од Северна и Јужна Америка.
Но, тоа не значи дека ќе нема влијание врз сите хороскопски знаци.
Според астролозите, ова затемнување ќе има големо влијание кое само се засилува поради фактот што тој период има и млада месечина.
Затемнувањето е значајно бидејќи може да биде поттик за огромни промени, а нуди и можност да се реализираат многу цели.
Какви промени ќе ви приреди оваа еклипса, според хороскопскиот знак?
Овен
Подгответе се за промени на поле љубов.
Доколку сте во врска, можно е да почнете да зборувате за заедничко живеење, па дури и брак.
Доколку сте сингл, голема е веројатноста до крајот на годината да сретнете партнер со кого би сакале сериозна врска.
Добрите промени ќе ве следат и на професионален план, без разлика која е вашата цел – поголема плата, унапредување, нова кариера…
Бик
За вас почнува период на нови почетоци.
Можно е ново работно место, остварување на некоја важна цел, па и само промена во секојдневната рутина.
Без разлика што е, дефинитивно ќе има позитивно влијание врз вашиот целокупен живот.
Искористете го поволниот период за да ги направите посакуваните промени во животот.
Близнаци
Оваа еклипса ќе донесе многу страст во вашиот љубовен живот.
Ако сте во врска или брак, ќе го подобрите односот со партнерот, а можно е да почнете да размислувате и за проширување на семејството.
Доколку сте сингл, наскоро ќе сретнете личност со којашто вистински ќе се поврзете.
Истовремено, добро би било да се посветите и на вашата креативна страна.
Рак
Еклипсата ќе ве натера да се фокусирате на вашиот дом.
Можно е да го реновирате сегашниот, но и да почнете да размислувате за преселување.
Покрај тоа, ќе забележите промени во односот со семејството – ќе решите многу конфликти и значително ќе се зближите со членовите на семејството со коишто сте се оддалечиле.
Лав
Ќе имате многу идеи, па добро би било да ги искористите.
Овие идеи може да се однесуваат на работното место, личните цели или нешто сосема друго.
Без разлика за што се, доколку ги реализирате, ве очекува прекрасен период.
Еклипсата ќе ви ја разгори и желбата за авантура, па потрудете се да отидете на некое кратко патување.
Девица
Најголемите промени што ќе ги почувствувате периодов се поврзани со финансиите.
Можно е да добиете покачување, да најдете нов извор на приходи или да го промените работното место со некое подобро платено.
Ако не сте задоволни од сегашното работно место, искористете го поволниот период за да најдете нешто што ви се допаѓа и што е во склад со вашите цели.