Каква предигра му треба на секој хороскопски знак за инстантно да се возбуди?

kakva-predigra-mu-treba-na-sekoj-horoskopski-znak-za-instantno-da-se-vozbudi-02.jpg

Вага

По природа се неодлучни, па затоа им се допаѓа кога партнерот ќе им каже што сака од нив.

Без разлика дали партнерот ќе им каже што да облечат, во која поза да застанат или што да направат следно – Вагите уживаат кога партнерот ќе ја преземе контролата за време на сексот.

Скорпија

Важат за луѓе на кои сексот им е мошне важен, а се мошне мистериозни личности кои честопати се склони кон „помрачните“ видови секс и предигра, па и тоа најмногу ги возбудува.

Прекривање на очите на партнерот или да бидат самите со прекриени очи е нешто што им дозволува да ѝ дадат повеќе простор на имагинацијата, да се препуштат на исчекувањето и на страстите.

Стрелец

Не сакаат одговорности, двоумења или задржувања, а најдобрата предигра за нив е онаа што им дозволува постојано да истражуваат и да бидат возбудени.

Посакуваат целиот ден да го поминат голи со партнерот и да можат слободно кога сакаат да им се препуштат на страстите и да истражуваат нови пози и уживања.

Јарец

Тие очекуваат да добијат толку колку што вложиле на секое поле, и во животот и кариерата, но и во сексот.

Затоа Јарците сакаат да се чувствуваат самоуверени дека можат да го задоволат партнерот.

За нив најдобра предигра е взаемната мастурбација, затоа што можат да уживаат во моментот дека добиваат толку колку што даваат.

Водолија

Водолијата ја возбудува сѐ што вклучува користење на технологија за да се искуси нешто ново и неповторливо.

Секс под маски или секс преку камера, пишување шифрирани пораки на социјалните мрежи за кои само тие двајца ќе знаат за што се работи... Со нив треба добро да ја искористите фантазијата за да ги возбудите.

Риби

Обожаваат кога сексот им нуди можност да заборават на секојдневието и да се препуштат на светот на фантазијата.

Сакаат игри на улоги, или да се преправаат дека воопшто не го познаваат партнерот или пак да исполнат некоја друга своја фантазија што одамна ја посакувале.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...
Хороскопските знаци рангирани според емотивната стабилност (Скорпиите се цврсти како карпа) Бик – Како типични претставници на земјените знаци, Биковите секогаш се приземни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg