Позитивните и негативните страни на љубовната врска со секој хороскопски знак

Со Вагите ќе доживеете љубов како на филм, но нема да бидете ниту свесни дека тие флертуваат со некој ваш близок, за Јарците љубовта е инвестиција, а Рибите бараат партнер од соништата. Кои се позитивните, а кои негативните страни во љубовната врска со секој од хороскопските знаци?

koi-se-pozitivnite-a-koi-se-negativnite-strani-vo-vrskata-so-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Секоја личност има свои позитивни, но и негативни особини, а според астролозите карактеристиките на секој хороскопски знак, може да се одразат позитивно или негативно во љубовните врски.

Секој човек има свои доблести и мани, а во продолжение прочитајте кои позитивни или негативни работи може да ги очекувате кога сте во врска со секој од хороскопските знаци.

Овен

Позитивни страни:

Како прв знак во Зодијакот тие се полни со ентузијазам и желба за живот. Мошне се импулсивни и страсни, па лесно успеваат да го убедат партнерот да ужива во нивните диви авантури.

Со нив никогаш нема да ви биде здодевно и никогаш нема да добиете рамнодушен одговор за ништо, затоа што секогаш се подготвени да го кажат отворено своето мислење.

Негативни страни:

Експлозивни се, а кога се искрени воопшто не бираат зборови и не внимаваат дали ќе ги повредат туѓите чувства.

Нетрпеливоста и импулсивноста понекогаш знаат брзо да ескалираат, па ако не сте во можност да ги задоволите нивните невозможни барања, ќе бидете сведоци на нивните (детски) тантруми.

Бик

Позитивни страни:

Сакаат да уживаат во комфор, па кога сте во врска со Бик, секогаш ќе знаете дека можете да уживате во удобна средина. Тие имаат удобен кревет, полн фрижидер и никогаш ништо нема да ви недостасува.

Често се коментира дека тие се мошне лојални и верни, но вистината е дека ги мрзи да вложуваат напори за да изневеруваат.

Секогаш ќе направат сè, за нивниот партнер да сака да биде во нивно друштво и за да го убедат дека најдобро им е да си останат дома, да нарачаат храна и заедно да уживаат.

Негативни страни:

Кога ќе се соочите со недоразбирања, Биковите знаат да се закопаат во едно место и да не попуштаат, сметајќи дека секогаш се во право.

Тешко прифаќаат дека згрешиле, а уште потешко им е кога треба да ја наведнат главата и да се извинат.

Ако ги повредите, стануваат рамнодушни и тешко можете да ги разгорите страстите, еднаш кога решиле дека веќе им е сеедно.

Близнаци

Позитивни страни:

Интелигентни и љубопитни, Близнаците имаат знаење од секоја област и не се срамат да го покажат.

Со нив можете да разговарате на секоја тема, а кога сте во врска со нив ќе научите многу работи за сè и сешто.

Кога сте во врска со нив ќе уживате во нивната смисла за хумор, досетливоста и, пред сè, во тоа што секогаш имаат некои нови идеи.

Негативни страни:

Многу зборуваат и за сè и сешто, па заради тоа воопшто и не ве слушаат кога сакате нешто да им кажете.

Освен тоа, ќе имате чувство дека никогаш не можете ниту една реченица да ја кажете до крај, а најлошата страна им е во тоа што воопшто не знаат како да внимаваат на финансиите и се секогаш хиперактивни, па заради тоа брзо им станува здодевно.

Рак

Позитивни страни:

Со овој знак владее Месечината, па тие секогаш се свесни за сопствените емоции, а водат сметка и за чувствата на партнерот.

Знаат да сакаат силно, уживаат да се гушкаат и горди се кога на партнерот и на луѓето околу себе можат да им пружат топлина и безбедност, но и удобен дом.

Мошне се креативни, а кога сте во врска со нив имате чувство дека покрај себе имате родител што се грижи за вас и ви дава таква љубов каква што можеби не сте добивале ниту кога сте биле дете.

Негативни страни:

Со оглед дека нив ги водат емоциите, треба да бидете подготвени на голем број изливи на чувства.

Знаат да се затворат во себеси и да тераат инает.

Најконтрадикторно е тоа што ако ви се налутат тогаш нема да ви зборуваат со денови, но ќе се чувствуваат мошне повредено, ако вие како партнер не сакате да комуницирате со нив и не сакате да им се отворите за сопствените чувства.

Лав

Позитивни страни:

Тие живеат за чувството на вљубеност и ќе направат сè за да не згасне првичната страст во врската, така што мошне внимаваат да ја покажат својата љубов, а ќе ве опсипуваат со подароци, романтични гестови и изненадувања.

Одлични се за да ви ја кренат самодовербата, затоа што најверојатно целата ваша врска ќе биде објавена на социјалните мрежи, а со нив секогаш знаете на што сте – сè додека се придржувате до нивните правила ќе го задржите местото до нивниот трон.

Негативни страни:

Лавот знае да прости, но никогаш нема да заборави.

Многу им е важно мислењето на другите за нив и прават сè за да останат во центарот на вниманието. Кога сте во врска со нив, имате чувство дека постојано сте во нивна сенка, додека тие парадираат.

Стресот што го доживуваат додека ги планираат, се појавуваат и се трудат да бидат во центарот на сите збиднување, најчесто се манифестира како агресивност, а се истураат врз партнерот.

Девица

Позитивни страни:

Секогаш сакаат да бидат тука за другите – никогаш нема да го остават партнерот на цедило и први се кога треба да му се помогне.

Кога сте во врска со Девица, треба да знаете дека тие секогаш ќе го помнат вашиот омилен сладолед и секогаш ќе ви ги носат работите што знаат дека ги сакате.

Освен што ќе се грижат за вас, Девиците ќе ви бидат најдобри другари, соработници и партнери во што и да наумите да правите.

Негативни страни:

Воопшто не се флексибилни и сметаат дека нивните стандарди и желби се идеални, а кога ви даваат совети не размислуваат дали тоа го прават остро и во форма на барање.

Очекувајте остри критики и страшни погледи, а може да се случи да се чувствувате и како „проект“ на којшто тие упорно работат, а не како личност.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg